Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Спасовски реши да не споделува нови детали за двојното убиство, ги прати новинарите одговори за бараат во ОЈО

Движењето на украденитот „цитроен“, шпекулациите за инспекторот кој споделувал информации од истрагата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето на украденитот „цитроен“, шпекулациите за инспекторот кој споделувал информации од истрагата, анализите од двата пиштола што ги нашла полицијата остануваат тајна. Министерот Оливер Спасовски не одговори на ниту едно од прашањата кои се покренаа во јавноста. Сега, според Спасовски истрага не се водела преку медиумите и секоја споделена информација може да наштети.

  • „Кога е во истрага случајот, сите шпекулации може само да наштетат. Сите детали и информации кои ќе ги уврди Обвинителството за тоа  ќе ја информира јавноста. Сите информации од МВР до ЈО ќе бидат доставени“, одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарските прашања.

Неодговорено остана прашањето по која траекторија се движел „цитроенот“ со кој е киднапирана Вања пред да се случи грозоморниот чин, но и кога и кој го донел возилото во Скопје. Инспектор кој наводно споделувал информации и фотографии за истрагата, ќе сноси одговорност тврди Спасовски иако не потврди дека таков пропуст се случил во МВР.   

Балистичкиот извештај од пронајдените два пиштоли, кој треба да покаже дали биле искористени во убиствата, кога ќе биде готов ќе биде доставен во обвинителството.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обвинува дека украденото возило било регистирано на камерите на „сејф сити“ –  од кога е украдено до денот кога беше запалено, наспроти тврдењата на министерот дека „Цитроенот“ не се движен пред критичниот ден.

  • Возилото на убиениот Панче со кое е извршено киднапирањето на Вања не било барано затоа што не знаеле дека и тоа е исчезнато. Ова е лага затоа што возилото е пријавено во СВР Велес како исчезнато, за што постои и официјален запис во МВР. И второ дека возилото за прв пат го наоѓаат на камерите на “Безбеден град” на 27 ноември, односно на денот на убиството на Вања. Како што веќе прашавме, а Спасовски одбива да одговори дали е точно дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” на 24 ноември во 6:30 и 25 во 21:15 кај Маџари, денеска ќе потврдиме дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” во наведените термини и локација, што укажува на уште една лага на МВР Спасовски“ вели Драган Ковачки-ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата посочува дека ова се пропусти на истрагата на МВР и за тоа одговорност треба да сноси Спасовски. Министерот пак не одговара на обвинувањата од опозицијата, вели, во периодот на истагата јавноста се изнаслушала на секакви шпекулации и политиканство.  

https://youtu.be/i1D8E7raJ4U