Реклама

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Македонија

Ковачки: Системот „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања

Имало ли сериозен пропуст во истрагата на МВР, а чија последица било…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имало ли сериозен пропуст во истрагата на МВР, а чија последица било киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања, министерот Оливер Спасовски да излезе и да даде одговори на сите прашања повикува ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија тврди дека украдениот „Цитроен“ од Панче Жежовски бил регистриран во системот на камери на „Сејфт сити“, наспроти она што го кажа Спасовски на прес-конференција дека колата на убиениот велешанец не се движела.  

  • „Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?“ вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки тврди дека камерите на „Безбеден град“ на скопските крстосници го снимиле украдениот „Цитроен“ и на 27-ми ноември кога Вања Ѓорчевски беше киднапирана од нејзиниот дом.

  • „Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?“ прашува Ковачки.

Ковачки обвинува дека имало и низа на пропусти во истрагата пред и после настаните, а Палевски и неговата група пред 7 месеци биле откриени како диво копаат артефакти и поседувале нелегано оружје и за истото не биле санкционирани.

Реклама

Од МВР нема официјален став по однос на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, а владејачката партија го обвинува пратеникот дека ширел дизинформации.
Портпаролот на СДСМ Каевски вели дека станувало збор за очигледи обиди за маниупалација, поткопување на истрагата и  потреба за злоупотреба случајот со смртта на Вања  поради наводни средби во минатото на претседателот на партијата Мицкоски со Палески.