Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Граѓанските организации бараат обвинителството да ги заузда извршителите

За убиство има застарување, но нема за побарувањата. Зошто постпои законот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За убиство има застарување, но нема за побарувањата. Зошто постпои законот со кој застарување на долговите кога извршителтие не го почитуваат – прашуваат граѓанските здруженија и синдикатите. Иако законот е во сила четири месеци според нив, извршителите повторно се тераат по старо и удираат по џебот на граѓаните, а на прсти се бројат пресудите и судиите кои ги испочитувале законските измени.

  • „Не гледам никаква логика, човечка, морална, правна, етичка, да нема застарувања за побарувањата. Е сега, имаме судска пракса, Апелационите судови во Скопје и Гостивар, донесоа одлука за апсолутна застареноста што е добра судска пракса“ вели Ана Глигорова – Здружение „Човекот над профитот“.

Граѓанските здруженија револтирани, бараат обвинителството кривично да ги гони сите кои не го почитуваат законот кој е од јули.  

  • „Спротивно на законот, сега се прашуваме, кого штитат судиите, дали работата по законот? Не работат по законот. Тогаш овие судии треба да одговараат кривично. Имаме на некој начин здруќување, на незаконската работа на судиите и незаконската работа на извршителите, и треба кривично да се реши“ вели Марјан Ненов – Здружение „Но Пасаран“.

Кофедарацијата на синдикални организации на Македонија, најавува протест за втори декември, бидејќи не само што не се почитуваат законите, ниту еден сектор во државата не функционира.

Реклама
  • На 2-ри декември, ја користам приликата, до граѓаните да ни се приклучат масовно. Во државата ништо не ни функционира. Немаме возови, здраствените работници штрајкуваат, никакво здраство, нема учебници во образованието. Единствено што функционира се извршителите, адвокатите, нотарите, брзите кредити и финансиски друштва “ рече Марјан Ристески – Претседател на КСОМ.

Граѓанските здруженија поднеле и иницијатива до Уставниот суд, од каде се надеваат на позитивен исход во најбрзо време.

Согласно законските измени скратен е рокот за поднесување на тужба за побарување на долг од 10 на 5 години, а доколку извршувањето не може да се случи за десет години, тогаш долгот се брише. Што практично би значело, секој долг што е постаре од 5 август 2013 треба да застари. Претходно, рокот во кој некој можеше да си го бара долгот беше 10 години, а рокот кога да се изврши беше неограничен.