Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Османи: Крстот најмногу му пречи на самиот крст, да се изложат со име и презиме оние кои договориле негово поставување

Поставувањето на крстот најмногу му штетело на самиот крст, смета министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поставувањето на крстот најмногу му штетело на самиот крст, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи. Не му пречел, ама бил политичка провокација и тие кои што според него договориле негово поставување, треба да бидат објавени со име презиме, порача првиот диплопмат. Не престануваат политичките напади во албанскиот политички блок за 15 метарскиот крст на Попова Шапка во црквата Свети Наум Чудотворец.

-Мене не ми пречи ниту еден религиозен симбол, меѓутоа доколку тие се ставени со цел да бидат искористени во создавање на тензии во предизборен период, верувајте тоа најмногу штети на самиот крст и најмногу штети на верниците кои што го почитуваат тој верски симбол. Во овој период треба да ги изложиме со име и презиме сите оние кои што се договарале во двата блока за да предизвикаат верска и етничка нетрпеливост, изјави Османи.

За Стево Пендаровски ваквиот потег е опасен, со цел одредени политичари и политички субјекти да го кренат својот рејтинг пред изборите.

Реклама

-Тоа е апсолутно непотребна авантура за било кој во Македонија, бидејќи знаеме како сме поминувале во минатото кога сме имале меѓутенички тензии и меѓуетнички конфликти. Велам лошо е како политичка пракса и како обиди на поединци или политички субјекти да на тоа ќаруваат поени, тоа е во крајна инстанца опасно, изјави Пендаровски.

Директорот на ЦУК и претседедател на партијата „Достоинство“ преку социјалните мрежи порача дека крстот не смее да биде чепнат. Смета дека вниманието треба да се насочи кон дивоградбите на Попова Шапка, меѓу кои и четирикатната џамија со 20 метарско минаре.

Ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите “отстранување” или “рушење” во иста реченица со крстот на Попова Шапка. Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана, напиша Стојанче Ангелов.

Од Комисијата за односи меѓу верските заедници претходно повикаа на внимателност и воздржаност од граѓаните, како и мудство во раководењето на институциите од оние кои добиле мандат од граѓаните да градат хармонично мултикултурно општество, кое само по себе не подразбира исклучивост на ниту една култура, туку нивна коегзистенција и почитување на различностите.

Матеја Петровски