Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Протест на родителите на децата од  училиштето „Његош“ го блокираа патот кон Драчево

Родителите на учениците од основното училиште Његош како што најавија, го блокираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите на учениците од основното училиште Његош како што најавија, го блокираа регионалниот пат кон Драчево и Идризово. Ова следи откако министерот за образование, Јетон Шаќири, реши да ги одземе ингеренциите на Општина Гази Баба за управување со училиштето, поради несогласување за тоа, дали има или нема простор за уште една нова паралелка за настава на албански јазик. Родителите побара практично решение, а не со притисоци од власта да се создава хаос. Порачаа дека проблемот не е етнички и дека потребна е нова училишна зграда за сите ученици без разлика на националност.

  • „Имаме две барања. Првото барање, запирање на постапката за одзимање на ингеренции за основното училиште Његош. Второ, изградба на ново училиште во Идризово за сите ученици. Македоцни, Албанци, Турци, Роми, Босанци и сите останати.“ – Порача Марина Јанчев од иницијатвниот одбор на родители при ОУ Његош.

Поддршка на протестот даде и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, кој рече дека ниту тој, ниту директорката не ги прекршиле регулативите за да се одземат ингеренциите. Ги повика владините функцинери да се воздржат од создавање етничка нетрпеливост.

  • „Во моментот статутот на училиштето е дека настава се одвива на албански јазик од прво до петто одделение. И тоа функционира години наназад. Додека за другите ученици од 6то до 9то одделение, општината плаќа бесплатен превоз за да учат во соседното училиште. Најблиску до нивното населено место. Ова не е само за учениците Албанци во Гази баба, истото го имаме и за учениците македонци кои што живет во Брњарци, а наставата после 4то одделение ја продолжуваат во Ченто.“ – изјави Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Тој наброја и други примери, како што се и учениците од Раштак, кои по 4то одделение со настава продолжуваат во Булачани. Вели, не станува збор за сегрегација. Но, министерот Шакири е упорен. Тече постапката за преземање на контролата од општината, во рацете на централната власт.

Реклама
  • „Во моментов се прибираат сите потребни информации и документи поврзани со случувањата во ова училиште во изминатиот период, издадени од локалната самоуправа, Државниот просветен инспекторат, Државната комисија за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, кои ќе се користат понатаму до целосно завршување на постапката и преземање на надлежностите од страна на МОН“ – Велат од министерството за образвоание и наука.

Родителите предупредија – ако тргнат на сила да носат решенија, настава нема да има до крај на годината. Родителите на учениците кои следат настава на албански јазик пак, исто така протестираат веќе цел месец и бараат да се отворат нови паралелки од 5то до 9то одделение.

Никола Цветкоски