Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Од денеска целосен бојкот на наставата во ООУ Његош во Гази Баба

Од денеска започна целосен бојкот на наставата во основното училиште Његош во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска започна целосен бојкот на наставата во основното училиште Његош во скопско Јурумлери. Родителите нема да запрат тука – гневни се на министерот Шаќири, кој започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба, како и индиректната најава за разрешување на директорката. Најавуваат дека викендот ќе го блокираат и регионалниот пат кон Драчево.

Причината е разидувањето помеѓу министерството и училиштето, за тоа, дали има простор за уште една паралелка на Албански јазик. Родителите неколку пати му порачаа на министерот Шаќири – лично да дојде и со прст да покаже каде гледа простор за повеќе ученици.

  • „Министерот недоследно и дискриминирачки најави одземање ингеренции на градоначалникот на општина Гази Баба на училиштето Његош. Ние понудивме повеќе решенија. Ниту едно не беше прифатено. Упорно, насилно сака да се отвори паралелка. Незаконски, во место каде што нема простор. Веќе имаме постапка за трајно решение, започната е постапка за изградба на ново училиште за сите дечиња, каде што ќе се одвива настава и на Албански јазик.“ – изјави Соња Милановска-Цветковска, член на одборот на родители.

Како родителите Албанци, така и родителите Македонци досега неколку пати протестираа пред улилиштето. Првите, подолго време бараат нивните деца по 4 одделение да не менуваат училиште и со бесплатниот превоз од општината да одат до соседниото, како што е досега. Тие бараат нивните деца да продолжат со настава наместо во друго, во истото училиште. Додека пак родителите на децата кои следат настава на македонски јазик, алармираат дека веќе и мензата е пренаменета во училница, па ако се формира нова паралелка, учениците ќе мора да одат и втора смена покрај регионален пат, во непосредна близина на затврот Идризово. Според нив решението е изградба на нов објект.

Реклама

Никола Цветкоски