Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Каде и кој го направил пропустот со новореднчето од Прилеп? – одговор се уште нема

Како бебето од Прилеп се заразило со бактеријата “Ешерихија коли” – од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како бебето од Прилеп се заразило со бактеријата “Ешерихија коли” – од болницата, од медицинскиот персонал или од мајката? Родителите на новороденчето, и целата јавност прашува каде е направен пропустот за да се предизивка сепса од бактерија? Мајката и таткото на бебето се сомневаат дека се направени пропусти на лекарите при третманот на нивното дете.

Ние се сомневаме нешто на 29-ти октомври вечерта некоја лекарска грешка има, затоа што тие истиот ден дента требаше да го отпуштат детето.И беше кажано на сопругата, да дојде на контрола мислам дека на шестти, какви капки да му дава и во последен момент докторката утрината на 29-ти одлучува дека треба бебето да се зрачи и ние мислевме попладнето да си го земеме” – вели таткото на бебето.

Таткото тврди дека неговата сопруга имала уредни биолошки тестови  и прашува како здраво бебе може да развие сепса ?

Реклама

Докторката излезе во ходник, ни кажа дека нема ништо страшно жолтица е ќе го испратиме во Скопје,значи нешто се случувало ноќта помеѓу 29ти и 30 ти октомври” кажа за Алфа, Славко Петровиќ, родител на бебето.

Од прилепската болница се правдаат дека тие направиле се’ што било потребно за бебето, и притоа воопшто не ја спомнуваат сепсата, што само по себе е скандалозно, бидејќи од Детската клиника децидно го потвдија нејзиното присуство. Од клиниката пак, потенцираа дека новороденчето било примено во многу тешка здравствена состојба, и не ја исклучуваат можноста сепсата да била предизвикана од вагинална инфекција кај мајката.

Каде е направен пропустот надлежните допрва ќе истражуваат,а извештајот од вонредниот инспекциски надзор од Болницата во Прилеп и Детската клиника се уште го нема.

Прва за трагичниот случај проговори мајката на починатото новороденче, која обвини за лекарска негрижа  и на  социјалните мрежи ја опша целата голгота од породувањето до  смртта на бебето  кое имаше највисока оценка во родилиштето во Прилеп, а 10 дена по раѓањето почина од сепса на Клиниката за детски болести во Скопје.

Ања Лукарова