Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Предизборниот оптимизам на СДСМ и ДУИ е на „стаклени нозе“, анкетите предвидуваат пораз на власта

Ако идната недела има избори, сегашната опозиција ќе биде власт, а власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако идната недела има избори, сегашната опозиција ќе биде власт, а власта ќе замине во опозиција, покажуваат зборните резултати на последната анкета на Институтот за истражување на политики и добро владеење – Скопје.

Доколку се направи збир на процентите од анкетата може да се дојде до заклучок дека ВМРО-ДПМНЕ и здружената албанска опозиција, односно партиите на Гаши, Меџити и Касами имаат вкупно 24,6 проценти доверба, што би значело дека тие би ја формирале новата влада.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,5 отсто, за Беса 2,4, Демократско движење 1,8 и за Алтернатива 0,9 проценти.

Реклама

Наспроти збирниот скор на опозицијата, за сегашната власт би гласале 22,4 проценти. Што за нешто помалку од 2 проценти од онаа доверба која ја ужива моменталната опозиција.

За СДСМ би гласале, 12,6 проценти, за ДУИ 5,3, а за Алијанса за албанците 4,5 отсто, пратично тоа би значело, барем според бројките од анкетата, дека ако идната недела има парламентарни избори Ковачевски, Ахмети и Таравари ја губат власта.

Дека се поизвесен е падот на СДСМ и ДУИ е и фактот дека се погласни се шпекулациите дека старо новиот партнер во владината колација, односно Алијанса за албанците можно е да ја напушти оваа коалиција доколку не им бидат исполенти некои од нивните клучни барања, за кои барем засега од моменталната власт нема желба да се реализираат.

Што значи дека ако партијата на Таравари го напушти повотно политичкиот брак со СДСМ и ДУИ, предноста на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција значително ќе се зголеми, а со тоа и пратеничките мандати во собранието.

Но ова не е прва анкета што покажува дека сегашната власт оди во опозиција, и на претпоследната анкета на ИПИС, ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Беса и Демократско движење  би биле во позицијата да формираат власта бидејки имаат 24,4 отсто доверба кај граѓаните, наспорти, СДСМ, ДУИ и Алијанса на албанците кои имаат 18,9 отсто.

Што практично би значело дека дури и да се остварат оние шпекулации дека СДСМ и ДУИ би оделе со заеднички листи на изборите,во обид да го амортизираат поразот кој им следува, и да ја намалат разлика со што би добиле пратеник плус, се за за џабе, бидејќи и така разултатите не би оделе во нива корист, а воедно би го разлутиле нивниот коалционен партнер кој им е единствената шанса за спас за резултатите да не бидат и повеќе од катастрофални, барем по она што покажуваат бројките на анкетите. Така и такитзирањето на СДСМ за дали изборите кои ни претстојат претседателски и парламетнарни би биле споени или не, нема да игра улога во сцеанриото за промена на власта. И изборите да бидат одвоени, и СДСМ да се обидат преку претседателските избори да го ублажат падот, бројките покажуваат дека социјал-демократите и интегративиците ќе се најдат бо опозициските паралемнтарни столчиња.