Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Отпадот во Орман е опасен – Ќе има кривична пријава, најавија инспекторите

Сомнежите се потврдија. Отпадот кај скоски Орман е токсичен, покажаа лабараториските анализи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сомнежите се потврдија. Отпадот кај скоски Орман е токсичен, покажаа лабараториските анализи што ги направи Државниот инспекторат за животна средина. Содржи 10 проценти олово, но и бакар, кадмиум и други тешки метали. За сите инволвирани во случајот досега се напишани една кривична и една прекршочна пријава, но во тек се уште неколку истраги што може да резултираат со нови санкции. Отпадот кој беше лоциран од општинскиот инспектор се трупал најмалку шест месеци, а во криминалната шема биле вклучени вкупно четири фирми и две физички лица.

  • „Утврдивме дека на плац на две физички лица оставена е одредена количина на отпад кој потекнува од рецикал Еко-Старт Скопје, со А еколошка дозвола, лоциран на територија на општина Чучер Сандево. Отпадот е од оловни акумулатори“ – информираа од Државниот инспекторат за животна средина.

Рецикл еко-старт ќе добие кривична пријава за загрозување на животната средина и природата, како и забарана за работа од 90 дена. „Тах Мак“ пак, заработи прекршочна пријава и казна од 88.000 евра. Додека пак за другите инволвирани истрагата продложува, бидејќи сопствениците на парцелите изјавиле дека не знаеле што се складира на нивниот имот.

  • „Иако постои меѓусебен договор меѓу Рецикл Еко-старт и сопствениците на парцелите на локација на приватен имот во Орман, несоодветно е транспортиран и складиран отпад кој потекнува од правниот субјект Рецикл Еко-старт, на локација која не е наменета за складирање на ваков отпад, односно нема добиено дозвола од МЖСПП што е казниво по закон. – Додаваат инспекторите.

Во меѓувреме, во Македонија постојано се создаваат нови депонии а надлежните со години се тркаат со времето да ги решат жешките точки. Таква е депонијата од илјадници тони Линдан во хемиската фабрика Охис во Скопје, индустрискиот отпад од топилницата за олово и цинк во Велес, депониите на Бучим и Лојане, рудниците за олово и цинк Саса и Тораница, Макстил во Скопје, Злетово во Пробиштип, како и термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Реклама

Никола Цветкоски