Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

СДСМ и ДУИ со ист став: Не биле тие виновни за европското фијаско, ВМРО-ДПМНЕ биле кривите

Возможно само во Македонија. За власта опозицијата била крива за европското фијаско,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возможно само во Македонија. За власта опозицијата била крива за европското фијаско, ова ни го порача министерот за надворешни работи Бујар Османи. Иако, СДСМ и ДУИ на власт се веќе седум години, не биле тие виновни за негативните оценки од Европската Комисија, пред се во однос правосудството и корупцијата, туку опозицијата била таа која блокирала во Собранието па поради тоа сме добиле вакол лош извештај. 

-Значи во една каузална терапија го лекувате проблемот, а не симптомот. Ова што гледаме како детектирани слабости се симптоми на една причина, а причината е политичката поларизација, односно обидот да се ставаат партиските интереси над државните. Гледате дека се е она што се вика„zero sum game“, мора јас да добијам се и на штета и на државата, изјави Османи.

Речиси исто размислуваат и во СДСМ. Од таму кратко се огласи портпаролката Богданка Кузеска, велејќи дека опозицијата била виновна и кочничар на европскиот пат. ВМРО-ДПМНЕ биле виновни затоа што власта доби негативни оценки за борбата со корупцијата.

Реклама

–Клучниот проблем за извештајот на Европската комисија и забелешките во него е тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата. Се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ, изјави Кузеска.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека со овој извештај се докажува дека лажните се изјавите за фокусот на европската агенда на СДСМ и ДУИ. Порачуваат дека оние кои се нарекуваат европски фронт добиле порака дека кај нив има непосветеност кон системско имплементирање на препораките на ЕУ. Потенцираат дека се забележува за прекумерната употреба на брзата постапка и европското знаменце во Собранието, за состојбите во правосудството, борбата со корупцијата, како и дека се забележува за злоупотребата на јавните набавки и договори склучувани во четири очи.

–И наместо владеење на правото, имаме владеење на самоволието. Наместо силна реформа имаме уназадени институции. Наместо напредок имаме порази. Власта на СДС и ДУИ е разобличена, проблемот зошто Македонија не почнува преговори, не се штетните договори или пак промената на Уставот под нечиј диктат туку затоа што државата не е средена, не е вистински реформирана и затоа што наместо право и правда владее власт заглавена во криминал и корупција!, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Ваквиот извештај доаѓа во моменти кога власта не убедува дека уставните измени ни се главната кочница на европскиот пат, додека пак од ЕУ ни порачуваат дека мора да поработиме многу повеќе на реформите, пред во судството и состојбите со корупцијата.

Матеја Петровски