Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Фрапантни нови сознанија за онкологија и аферата „Диво месо“, Мицкоски побара одговрност за канцер мафијата

Не запира хоророт на Онкологија.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Хирстијан Мицкоски алармира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не запира хоророт на Онкологија.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Хирстијан Мицкоски алармира дека “канцер” мафијата на Клиниката работела и денеска. Мицкоски предупредува дека на грбот на болните од рак се уште некој дебело заработува, што го потврдуваат и документите кои ги добил од т.н. свиркачи. Аферата која ја нарекува „Диво месо“ содржи извештај од ФЗОМ од вонреден инспекциски надзор, за јавните набакви на лекови каде што според него, има невиден криминал.

“Овој Извештај го опфаќа работењето, јавните набавки на МЗ во периодот од 1 август 2021 до 1 август 2023. Овој Извештај во јавноста се уште го нема. И исто така е опфатен периодот за јавните набавки само на УКРО за 4 месеци, и тоа декември 2022, јануари, февруари, март 2023 година” кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Платени лекови кои доцнеле со испорака не биле дефактурирани, во дневните амбуланти каде што останувале лекови, се запишувал остатокот од вијалите, дека е издаден и даден на друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но затоа немало писмен траг, дали се фрла или лекот е даден некому. Според Мицкоски оваа злоупотреба на остатокот од лековите е организиран шверц и преку ова биле испумпувани милиони од буџетот на грбот на граѓаните.

Реклама

“Преку пример, треба ад се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат некаква трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани” вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски предупреди дека на Онкологија се уште владее организирана мафија која оперира со набавките на лекови. Кажа дека неколку лекови кои биле во огромни залихи на Клиниката заклучно до 31 ви март 2023, но тоа не го спречиле раководството во февруари да распише нов милионски тендер за да се набават истите лекови.

“Прво тоа е лекот Абиратерон во ампули од 250 милиграми. Според Фондот за здравство на 31 март 2023 година состојбата на залихата била 121.149.360 денари и тој лек е пакуван во две големини 250 милиграми и 500 милиграми. Следен лек е Алектиниб. Состојбата на залиха на 31.03.2023 е речиси 123 милиони денари, или точно тоа е 122.986.958 денари. Понатаму Вемурафениб 240 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 406.464.361 денар. И да не останам должен, Абиратерон, лекот во пакување од 500 милиграми, состојба на залиха на 31.03.2023 година 950.292.000 денари или вкупно нешто повеќе од милијарда ипол денари или нешто повеќе од 25 милиони евра” кажа Мицкоски.

Мицкоски меѓудругото побара, Анкетната комисија да се прошири и опфатот на работата на ова собраниско тело да биде уште поголем.