Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Парното поскапува за близу 5% – сметките од 1.800 ќе пораснат за 80 денари

Парното поскапува за близу 5%,. претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парното поскапува за близу 5%,. претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски „ги израдува скопјани“. Според него, на сметка од 1.000 денари, ќе има зголемување за 45 денари, или на просечна сметка од близу 2.000 денари поскапувањето би било од 80 до 100 денари.

Регулаторот, одлуката за поскапувањето ја оправда со, како што рече, високите трошоци за природен гас во првите три месеци од годината, но и поради што се враќа дел од позајмицата што Владата ја има дадено.

  • „Оваа одлука не ја носевме се додека не добивме цврсто уверување дека ќе почне поставувањето на цевководот на мостот ’Беласица’. Што тоа значи во пракса? Цената на топлината која ја утврдивме и за ТЕ-ТО со оваа одлука е за повеќе од два пати пониска отколку што е цената на топланите во Град Скопје. Дополнително, преточено во сметка ако не би постоело ТЕ-ТО зголемувањето би било околу 60 отсто. Поради тоа инсистиравме што е можно повеќе да ја искористиме придобивката од ТЕ-ТО имајќи во предвид дека оваа топлинска енергија е повеќе од два пати поевтина отколку цената на топланите“,рече Бислимоски.

Во однос на двата преостанати системи, за популарното „железарско греење“, кое го прави „ЕСМ енергетика“, Бислимоски рече дека цената е незначително намалена, а пониска цена ќе има и кај греењето во Скопје-Север.

Реклама

На прашањето што ако таксата од Бугарија за природниот гас остане и дали тоа ќе направи проблем, Регулаторот рече дека цената за увоз на природен гас е вообичаена и така налагала берзата. И покрај таксата за руски гас, до крајот на грејната сезона цената ќе остане иста.

  • „Исто така, при пресметката на факторот на корекција кај ’ЕСМ дистрибуција’, за да не предизвикуваме понатамошен ценовен шок, признаваме само 20 отсто од тој фактор на корекција. Во услови кога ќе имаме понатамошна стабилизација со цените на природниот гас, сите овие пари повторно ќе се вратат назад кај компаниите. Во однос на побараните трошоци, РКЕ призна за пет милиони евра помалку трошоци кај овие три компании“, додаде тој.

Одлуката за новата цена требаше да биде донесена во август годинава, но беше одложена поради оштетувањето на топловодот на мостот „Беласица“, што беше опожарен и се чекаше старт на работите за санација. Според РКЕ, во Скопје има вкупно 64.000 домаќинства кои се снабдуваат со топлинска енергија.

Борис Грујоски