Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Виктор Стојанов повторно провоцира – дава по 300 евра на семејства во Македонија кои ќе си го променат презимето

Сменете си го презимето на ОВ за 300 евра, ова е накратко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сменете си го презимето на ОВ за 300 евра, ова е накратко повикот на бугарската фондација Македонија на контроверзниот Виктор Стојанов, кој преку социјалните мрежи започна кампања: граѓаните на Македонија да си ги сменат презимињата и за возврат да добијат пари.

„Кампања за жителите на Македонија со бугарско потекло: вратете го вашето презиме во ов или ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија.

Стојанов за Алфа се правда дека ова не било купување на Македонците да се пишат како Бугари, туку само кампања за да се исправеле грешките од време на Југославија кога на граѓаните, како што вели тој, им биле насила променети презимињата. Од кај ќе најдат пари за оваа акција, Стојанов вели, финансии имале преку донации, а и не очекуваат голем број на пријавени, оти не верува дека некој само заради пари ќе си смени презиме.

Реклама

Тоа е целта на кампањата, нема некој кој сака за 300 евра да си го смени името, ако си го сака и си го чувствува како негово. Ние имаме стотици случаи во кои човек оди во матично, вади посмртница на дедо си и го пишува „Петров“ а човекот е „Петровски“. А тоа е дедо му, не е тоа некој туѓ човек. А тука не зборуваме за нација или вера, дали е некој Бугарин или Македонец, муслиман ли е, христијанин ли е, туку зборуваме дека за време на 60-тите, 70-тите години, му го смениле презимето, вели Виктор Стојанов – Фондација Македонија.

Стојанов, кој во Македонија заради неговите активности тука е прогласен за персона нон грата, за Алфа вели дека ова не било кампања само за за Бугарите во Македонија, иако во самата објава е напишано дека е за жителите на Македонија со бугарско потекло.

Да, напишавме „со бугарско потекло“ бидејќи на повеќето луѓе на кои им е сменето презимето се со бугарско потекло, но тоа не им пречи да се изјаснат како Македонци, и ние им го признаваме тоа. Имам многу пријатели во Македонија кои се со бугарско потекло, но денеска си се Македонци, се чувствуваат како Македонци и си ја сакаат Македонија. Ние го признаваме тоа што тие се Македонци. Има разлика меѓу тоа што е човек по потекло, и што е денеска според нацијата, вели Виктор Стојанов – Фондација Македонија.

Стојанов е познат за македонската јавност, особено по неговите скандалозни изјави, натписи, постапки кон Македонија.

Последно беше во Албанија каде се обидуваше на местата каде што живеат Македонци да врши своевидна асимилација, и тоа го документираше на социјалните мрежи. Претходно, тој повикуваше Бугарија да и воведе економски санкции, но и други ограничувања на Македонија, а нудеше и 200 евра за името на полицаецот на граничниот прамин Деве Баир, кога дел од Бугарите се обидоа скандалозно да влезат во Македонија за чествувањето на Гоце Делчев.