Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Османи изгледа се освести: И по уставните измени, Бугарија ќе има нови барања

Бујар Османи е свесен дека зад барањето за уставни измени се кријат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бујар Османи е свесен дека зад барањето за уставни измени се кријат нечесни бугарски барања, но и натаму инсистира дека тие мора да се случат. Шефот на дипломатијата прв пат признава дека нема да имаме никакви гаранции оти ќе нема нови бугарски условувања на европскиот пат. Човекот кој досега заедно со својот шеф Димитар Ковачевски и вицепремиерот Бојан Маричиќ не убедуваше дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последен услов од источниот сосед во интервју за Франфуртер алгемајне цајтунг со сосем различен став.

-За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго. Ние постигнавме компромис со Бугарија, акциски план за малцинствата. Сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри, кажал Османи за ФАЦ.

Ваквата изјава на Османи е сосем различна од она што го тврдеше целиот минат период, каде неговите изјави беа со цел да се убедат граѓаните дека нема да има веќе нови бугарски барања по уставните измени.

Реклама

-Тие кажаа дека нема нови барања и дека нема на што да се повикува на кој дел од преговарачката рамка за да изнесе Бугарија утре барање до Комисијата за да даде писмен извештај дека е реализиран или не е реализиран, се друго е пропаганда, се друго е обид да се исплашат граѓаните заради политички, партиски цели, изјави Мицкоски.

Владата и натаму цврсто останува на ставот дека уставни измени мора да има и дека со нив земјата ќе тргне кон Европа, го игнорира мислењето на мнозинството македонски граѓани, но и сигналите од Унијата кои се погласно кажуваат дека владеењето на правото и борбата со корпцијата се темелот на кој мора да почне да се гради европската интеграција на Македонија.

Матеја Петровски