Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Османи учествува на Бледскиот стратешки форум во Словенија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи учествува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи учествува на Бледскиот стратешки форум, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Словенија на тема „Солидарност за глобална безбедност”, при што во вторник ќе се обрати на министерскиот панел посветен на политиката на проширувањето на ЕУ 20 години по Солунската агенда.

Агендата во Блед вчера Османи ја започна со средба со Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел заедно со Премиерот, Димитар Ковачевски и Вице-премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На маргини на Бледскиот стратешки форум Османи ќе учествува на работниот појадок со министри за надворешни работи и специјални претставници за Западен Балкан, организиран од министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, извести МНР.

Реклама

Исто така, за време на работната посета во Словенија, Османи ќе оствари бројни билатерални средби, вклучувајќи и со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Парк Џин, со државната секретарка за европски прашања на Франција, Лоранс Бун, државната секретарка за европски прашања на Португалија, Тиаго Антунес, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Лорд Стјуарт Пич, со членот на Државниот совет на Франција и поранешен советник на францускиот претседател, Александре Адам, како и со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, се додава во соопштението на МНР.