Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Обвинителството се уште ги проучува предметите за Мерко – биле сложени и обемни

Откако пред два дена комисија од четворица обвинители од републичкото обвинителство правеа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако пред два дена комисија од четворица обвинители од републичкото обвинителство правеа увид во предметите што се водат за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, оттаму денеска споделија информација дека некои од случаите бидејќи се обемни и сложени сè уште се проучуваат и анализираат. Потоа, се очекува комисијата да изготви и извештај и да даде насоки како понатаму.

  • „Комисијата на Јавното обвинителство задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното Јавно обвинителство Струга, вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Притоа, заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите сè уште детално се проучуваат и се анализираат. По завршувањето на проверките, комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети“, велат од Обвинителството.