Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Етнички Албанец нападна самосвестен Бугарин, Софија повторно се обидува да исконструира случај

Вчерашниот инцидент во кој што беше физички нападнат претседателот на струшкото бугарско здружение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчерашниот инцидент во кој што беше физички нападнат претседателот на струшкото бугарско здружение “Шемето ”, Бекир Кадриески,нема елементи на кривично дело-брифираат за Алфа органите на прогонот.За министерот за внатрешни Спасоски,случајот е расчистен, а напаѓачот приведен.

Иако Спасоски тврди дека е приведен,педесет годишниот жител на село Велешта кој го нападнал Кадриески ,синоќа сам се пријавил во полициската станица во Струга.Дознаваме дека напаѓачот со иницијали А.Н. кој по националност е албанец и Кадриески кој е од струшкото село Лабуништа добро се познавале, а нивните меѓусебни недоразбирања кулминирале после расправии во едно казино во Струга. Двајцата подолго време имале нерасчистени односи поврзани со парични долгови. Тој во својот исказ во полиција тврдел дека не само што во нити еден момент на Кадриески не му се обратил со зборовите “валкан бугарин”,туку како што рекол, неговата етничка припадност не ме засега и нема причина зошто да се расправам за неговиот бугарски идентитет.

 Портпаролот на СВР Охрид,Стефан Димоски вели дека со лицето А.Н. е обавен службен разговор синоќа во 21 часот. За разговорот е известен и јавен обвинител и по документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветен поднесок.

Реклама

Од македонското МНР  апелираат на воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот.

  • ” Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и бугарската заедница.Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива” велат од МНР.

Од бугарското министерство за надворешни работи пак,проверуват дали претседателот на бугарскиот клуб бил нападнат од омраза.Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза- се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Инаку Кардиески утрово е пуштен од струшката општа болница во добра здравствена состојба. На неговиот фејсбук профил меѓудругото,намерно или не- некој прикачил и фотографија на која се Кадриески и секретарот на згаснатото бугарско здружение Цар Борис трети, Христијан Пендиков.

Росица Голабоска