Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предупредува од пљачка-законите за Бехтел и Енка не смеат да бидат со европско знаменце

Новите закони кои треба да поминат во собранието поврзани со изградбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите закони кои треба да поминат во собранието поврзани со изградбата на коридорот 8, нова точка на на препирање меѓу власта и опозицијата.

Од Вмро-Дпмне велат дека наместо владата да оди по регуларен пат во собрание и да се обиде да објасни што прави и зошто ги предлага новите закони, како што е процедура, тие сакаат да ги протуркаат со европско знаменце и да нема расправа во законодавниот дом. Потпретседателот на партијата, Мисајловски вели – тоа е пљачка на векот.

„На сила ако пројдат овие закони тогаш ќе ја видиме најголемата пљачка во историјата на Република Македонија. Затоа сме тука да разговараме со граѓаните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат се од себе да ги спречат овие закони, но и сакаме да има расправа, јавна дебата и да се покаже договорот, но некој ептен го крие овој договор и ептен ја крие позадината. Со овој последен чин и гест ова е срам за Македонија“, потенцираше Мисајловски.

Реклама

И потпретседателската на партијата, Димитриеска Кочоска, гласна – власта става европско знаменце на договорот со „Бехтел и Енка“, затоа што повеќе од јасно е дека тој договор е многу штетен и е заснован на непостоечки закони.

„Злоупотребата која оваа власт ја прави во континуитет и не запира, а од друга страна народот веќе е свесен и го знае тоа. Кога го зборувам ова мислам точно на договорот со „Бехтел и Енка“ договор кој е повеќе од јасно дека е многу штетен и договор кој го кријат токму заради тоа што има внатре многу корупција и криминал. Тој е договор кој е заснован пред се на непостоечки закони. Закони кои сега влегуваат во Собранието и им ставија не случајно Европско знаменце затоа што тој им е единствениот начин да ја избегнат јавноста, тоа е единствен начин да ги скријат работите и да нема јавна дебата“, вели Кочоска.

Од СДСМ пак, велат законите ќе се изгласале, а ВМРО-ДПМНЕ биле оној кочничар за европските патишта во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да го блокира стратешкиот и воедно најголем проект во инфраструктурата.Ние како пратеничка група тоа нема да го дозволиме. Ќе ги искористиме сите механизми што се на располагање и преку соодветна законска постапка ќе ги донесеме измените на петте закони кои гарантираат поевтина и побрза изградба на делниците од коридорите, вели Даниела Николова – пратеничка на СДСМ.

И од ДУИ се јавија со реакција.

ВМРО ДПМНЕ и Левица блокираат активно во Собранието над 500 милиони евра проекти за граѓаните и државата, без никаква причина и само за да предизвикаат неуспех на проектите за граѓаните од ниски дневно политички мотиви, стои во соопштението од ДУИ.

Претходно од делегацијата на ЕУ во Македонија изразија загриженост што европското знаменце се користи за овие закони. Во овој случај, предлог-законите се чини дека не се однесуваат на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања, велат од делегацијата на ЕУ во Македонија.

Мери Симоновска