Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Битка за У.О. во Академијата за судии и јавни обвинители – Функциите поважни од проблемите во правосудството

Функциите поважни од изместување на перцепцијата на граѓаните во правосудниот систем. Ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Функциите поважни од изместување на перцепцијата на граѓаните во правосудниот систем. Ниту претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми, ниту членот во Судскиот совет, Фиданка Рајевска не се повлекуваат од новата функција во Управниот одмор на Академијата за судии и јавни обвинители. Адеми потврдува дека нејзината снаа за син е ученик во Академијата со која таа ќе управува, но не гледа на тоа како конфликт на интереси. Со оглед дека мандатот трае две години, Адеми тврди дека нема да биде на функцијата кога снаата ќе треба да полага испити и ќе финишира со школување.

  • „Во секој случај, постојат законски механизми кои неслучајно се предвидени за да превенираат евентуални можности за влијание и конфликт на интереси. Поаѓајќи од индивидуалниот карактер на конфликтот на интереси, постои можноста за „изземање“ како законски и правен институт. Тоа е и една од причините зошто секој член на Управниот одбор има свој заменик како што говори и претходната практика во Академијата, доколку за некое прашање членот биде доведен во таква ситуација, тој ќе се повлече и неговиот заменик ќе расправа и ќе одлучува“, вели Адеми за „А1-он“.

Адеми дојде на функцијата откако новиот шеф на Организиран, Ислам Абази се повлече од Управниот одбор во Академијата бидејќи неговата сопруга треба да полага завршен испит до крајот на годината и да стане судија или обвинител. Првично, заедно со Абази за член во Одборот беше избрана и Фиданка Рајевска која е член во Советот на јавни обвинители и функцијата обвинител и е во мирување. Член во управниот одбор на академијата треба да биде од редот на обвинителите па ако на овој начин се толкува законот Рајевска нема можност да ја добие новата функција.

  • „Што е од редот на јавни обвинители, не стои таму активни или не, нема нагласување. Ние членуваме, и во програмскиот совет стои дека ќе биде од редот на јавните обвинители. Не може да бидат оние кои се избрани од Собрание. Значи вие така го толкувате законот? – Не јас да го толкувам, сите така го толкуваат, дека од редот на јавните обвинители, дали јас се согласувам или не тоа е мое лично мислење“ рече Јолевски.

Можноста за влијание но и судирот на интереси се можни бидејќи Управниот одбор во Академија на судии и јавни обвинители според закон, има надлежност да носи одлуки за кандидати, меѓу кои се роднините на обвинителот и судијката. Освен ова, одборот носи одлуки по приговори поднесени од кандидати, а учествуваат и во постапката за полагање бидејќи членовите на овој одбор на крајот од процесот го усвојуваат извештајот.

Реклама

Викторија Миткова