Се зголемува цената на геотермалната вода за затоплување на оранжериите, во Кочани. Советот на Општина Кочани на денешната седница даде согласност да се направи корекција и кубикот, да чини 61,9 денари, што е зголемување од 83%.
„Се работи за еден потенцијал од Бога даден на општина Кочани и сметам дека треба да бидеме сите одговорни во делот на овозможување на услови за реално и економски исплатливо функционирање и на едната и на другата страна. Зборувам на страната на ЈКП„Водовод„ кое стопанисува и на страната на корисниците на топла вода кои ги користат количините за загревање на своите комплекси„-изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.
До Советот на Општина Кочани во два наврати беа доставени калкулации за покачување на цената. Со новото барање е направена промена во првичната пресметка. Досегашната цена од 33,82 денари за кубик е нерентабилна за комуналното претпријатие, кое поради неплатени сметки , речиси десетина денови без струја беше Управната зграда и уште неколку работни единици.

„ Со таа цена ЈКП„Водовод„ да опстојува, ниту можеше сметките за електрична енергија да си ги плаќат. Една работа околу оваа цена е многу важно да се знае, дека Советот донесе едногласно одлука комуналното претпријатие по претходната цена да не склучува договори за загревање на агрокомплексите бидејќи е испод сите економски минимуми„-изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.
Минатата година „Водовод„ има испорачано 467илјади кубни метри геотермална вода . Остварен е приход 15,8 милиони денари , средства кои според сегашните калкулации не можат да ги покријат трошоците за црпење и дистрибуција на водата.
Во моментот 14 компании имат склучено пред договори по ново предложените цени
Александра Ристевска
