Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Историјата како посебен предмет оди во „историја“

Предметот историја како самостоен веќе нема да се изучува во основните училишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предметот историја како самостоен веќе нема да се изучува во основните училишта .Туку ќе биде во склоп на предметот општествени работи. Оваа измена која ја прави министерството за образование со новата концепција е токму во моментот кога Бугарија бара од Македонија промена и бришење на некои од историските факти во учебниците по историја.

Она кое што можеби претставува најголема новина во нашиот образовен систем е интеграцијата на дисциплините на општествено хуманистичката група и тоа се во општествени науки, каде ќе може да се најдат содржини од историја, граѓанско образование, географија, дел од филозофија, етика, антропологија..рече Митко Чешларов – биро за развој на образование.

Дел од историчарите веќе реагираат на тоа што најмладите нема да ја изучуваат историјата, велат се е дел од планот на власта да си ги покрие неуспесите.

Реклама

Во однос на нашата средина, мора да постои предмет историја. Овдека се работи за една намерна провокација на нашата власт која сака под дејството на потпишаните договори каде имаме комисии за ревидирање на историјата, а ниедна од тие комисии нема право и мандат тоа да го прави, она што не може да го направи на меѓународен план, го прави на внатрешен план за да уште повеќе ја збуни јавноста и и го скрати образованието на новите генерации за да не мислат на македонска историја, македонски јазик…, вели за Алфа, Наташа Котлар – историчар.

Зошто баш сега се интегрира предметот историја во општествени науки, Царовска не кажа конкретно, се правда било по светски стандарди.

Исто предметот по биологија и хемија се интегрираат во исто време кога се отвара дискусијата со бугарската страна. Прави некаква разлика? Зборуваме за интеграција на општествени и природни науки што се случува секаде во светот, во развиените земји кои постигнуваат огромни резултати кај своите ученици, истакна Мила Царовска – министер за образование.

За укинувањето на самостојниот предмет историја реагираше и јазичарката Груевска Маџоска која вели дека ваквите одлуки се скандалозни. Истакна дека во Финска која важи за една од земјите со најквалитетно образование има предмет историја, како и во Англија.

Мери Ѓорѓиевска