Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Матичните лекари бараат ургентна измена на протоколите за лекување од Ковид, кои не се променeти од февруари

„Лекувањето по телефон не е лекување. Тоа е преголема одговорност за здравјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Лекувањето по телефон не е лекување. Тоа е преголема одговорност за здравјето и животот на пациентите“. Со овие зборови, својот глас го креваат и матичните лекари и од МЗ бараат ургентна измена на протоколите за лекување од Ковид кои не биле променети уште од почетокот на пандемијата. Тие инсистираат на нови напатствија според кои пациентите ќе се лекуваат со непосреден преглед, иако некои од матичните лекари, на своја рака, ова го правеле и досега.

     „Ние немаме добиено нови насоки како да постапуваме со пациентите кои што се болни со Корона или со симптоми на Корона, а кои што бараат помош од нас. Ние знаеме колку е ризична нашата професија и ние сега, во овој момент, мора да си ги прегледуваме пациентите…Не може да избегаме и да не ги прегледуваме пациентите, а досега од МЗ, ние немаме насоки како да постапуваме. Чекаме насоки, но не само како да постапуваме, туку и како да ги лекуваме нашите пациенти“, – децидна е д-р Нора Димшоска – Тасеска – претседателка на Здружението на приватни лекари од Прилеп.

       Во отсуство на нови напатствија од МЗ, матичните лекари, сега, сами се организираат, како би биле поефективни во пружањето соодветна здравствена помош на своите пациенти.

Реклама

      „Вчера, на добра волја на инфектолозите и на наше барање, тие ни дадоа протоколи како ние да постапуваме со нашите пациенти: кои се ниско-ризични, кои се високо, кои се средно-ризични пациенти и како ние да знаеме да одредиме. Бидејќи видете, ова е нова болест…Многу тешко е да се води телефонски болен пациент, верувајте ми. Многу голема одговорност е…Сега, во овој случај, секој постапува по свое лично видување…но, јас сега ги ставам во опасност и пациентите кои чекаат за нешто друго, оти не се во моментов само од Ковид болни пациенти..значи, ние бараме препораки – што понатаму и како да постапуваме“ –  вели д-р Тасеска.

      Според д-р Тасеска, во моментов 64-цата матични лекари од Прилеп, домашно лекување водат на над 450 пациенти, кои се или веќе заразени, или пак имаат симптоми на Корона. Без нови, соодветни напатствија, проблемот ќе станува уште посериозен, бидејќи и бројот на новозаразени постојано расте, укажува д-р Тасеска.

Каролина Дурло