Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Хаосот во здравството на виделина: Филипче ги разубедува медицинските сестри да не заминуваат

Со отказот што го дадоа трите медицински сестри проблемите во здравствениот систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со отказот што го дадоа трите медицински сестри проблемите во здравствениот систем испливаа на површина. Кога се најпотребни медицинските лица се принудени да заминуваат. Зорица Љубичиќ, Силвана Рогиќ и  Дивна Бојчевска се хероите во плаво кои со месеци се борат со Ковид-19. Од денеска се на одмор и со барање за отказ. Причините да си заминат по децении стаж според трите медицински сестри на инфективната клиника се непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра.

„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим,“ – вели Зорица Љубичиќ, главна сестра на Инфективна клиника

Дека една од двете најпогодени здравствени установи од пандемијата го губи кадарот во најлошиот период поради негрижа на властите и јавноста бурно реагира.

Реклама

_Секоја чест за храброста, голема загуба за Клиниката. Редно е некој да се запраша каде сме ние медицинските сестри во целава приказна.

_За жал инфективната клиника ќе остане без прекрасен, стручен кадар. Но, не само тие, еве јас сум пред заминување..

И од здружението на медицински сестри остро реагираат. Обвинуваат дека отказите на трите сестри било резултат на децениски проблем бидејќи немаат статус за нивната работа.

“Треба некој да се запраша зошто сме ние медицинските сестри сме незадоволни. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи.” – рече Бешлиовска.

И Филипче се обиде да ги предомисли но дали ќе му успее – останува неизвесно.

„Разговаравме отворено за сите проблеми, истакнаа дека немаат друга алтернатива. Ги прашав дали планираат да одат во приватна клиника, рекоа дека таква работа не планираат. Бидејќи ако така одлучиле, тогаш ние не можеме да се мешаме. – рече Венко Филипче,министер за здравство.

Доколку не се реши  статусот на медицинските сестри, кога ќе заврши пандемијата, ќе се има уште поголем одлив, укажуваат од Здружението на медицински сестри.

Викторија Миткова