Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јанкуловска е жртва на политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата

Гордана Јанкуловска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Јанкуловска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев. Јанкуловска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јанкуловска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата. Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата сеуште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на екс директорот на ФЗО Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2000 стана во Тетово, се молчи за измамата на штедачи на Еуростандард банка и редица други скандали кои се случуваат на дневно ниво.

Забавата на Заев со човечки судбини нанесува зло и штета на државата. Денес треба да се збори за Јанкуловска во состојба кога имаме 40 илјади невработени на улица или кога имаме колапс на образовниот систем. Заев има потреба да се плаши единствено од правдата која ќе го стигне по падот на мафијата на власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.