Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Свет

VOA за Алфа: САД се подготвува стартот на учебната година

Враќање во училница, предавања онлајн или комбинација од двете. Секоја од сојузните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Враќање во училница, предавања онлајн или комбинација од двете. Секоја од сојузните држави, па дури и од општините има различен пристап кон почетокот на новата учебна година.

Претседателот притиска за враќање на класичната настава. Доналд Трамп изјави дека доколку гувернерите не го направат тоа, парите од буџетот за образование треба да одат кај родителите за тие да може да ги испратат своите деца во училиште по нивен избор.

 –Мора да ја почитуваме науката и да ги вратиме учениците безбедно назад на училиште со тоа што ќе ги штитиме децата, наставниците, персоналот и семејствата. Мора да сфатиме дека ова има и друга страна, доколку ги држиме надвор од училиште, доколку работата стои и тоа предизвикува смрт. Економска штета и смрт од други причини, смета Трамп.

Реклама

Од друга страна синдикатот на учителите во САД, кој застапува 1.7 милиони вработени во школскиот систем соопшти дека ќе поддржи штрајк на секое локално училиште кое ќе се спротивстави на мерка која предвидува отворање за редовна настава.

Федералната Влада законски не може да им наложи на сојузните држави како да постапат, па дури и дел од општините имаат ингеренции самите да ја донесат одлуката.

Едни прават подготовки за отворање на училиштата, други преминуваат целосно онлајн.

Има и такви, како општината Ферфакс во Вирџинија, кои им нудат избор на родителите – комбинирани предавања во училница со онлајн настава или пак целосно преку интернет.

Мишел и Џона Голдшлаг се решиле за домашно образование на нивниот 9 годишниот син, а 11 годишната ќерка да оди два дена на училиште, а три дена да посетува настава онлајн.

-Главен фактор беше што таа навистина добива многу енергија од другарите. Таа е блиска со нив. Мислам дека ќе и беше многу ја погоди ако не ги види следната година, вели Џона Голдшлаг, жителка на Вирџинија.

Мариам Ајромло, мајка на две деца, сака и синот и ќерката да останат дома.

-Од здравствен аспект зашто моите родители се постари и помагаат со внуците. Слично е и кај сосетката. Таа е лекарка и не сака да ги изложи пациентите на дополнителен ризик. Друга има сопруг со срцеви проблеми, смета Мириам Ајромло, жителка на Вирџинија.

Овде и наставниците  може да одлучат дали сакаат да предаваат во училница или онлајн. Ингер Моран на почетокот сакала да се врати на работа, но потоа почнала да се предомислува.

-Колку повеќе читав за Ковид-19, станував понервозна. Ги замислив учениците како не носат маски цело време, и ја зголемуваат шансата за заразување. Но и другите од персоналот – возачите, хигиеничарите, чуварите, вели Игнер Морган, наставничка по француски јазик.

На само 100-на километри одовде во истата сојузна држава, Вирџинија, има сосема поинакви правила – целосно враќање кон класичната настава.

-Во југозападниот дел од државата има многу рурални области каде нема толку заразени како во понаселените места, вели Чарлс Пајл, од Одделот за образование на Вирџинија.

Оние држави и општини кои се одлучија за отворање на училиштата подготвуваат нови правила кои предвидуваат носење заштитни маски, појадок во училница наместо во кафетерија, и ограничување на контактните игри и спортови.

Во Соединетите Држави има над 55 милиони ученици во основните и во средните училишта.

За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.