Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Шекеринска конечно се огласи: Потврди дека била на гости кај Боки 13 и ја нападна Алфа телевизија

Радмила Шекеринска потврди дека била гостинка во домот на Боки 13 заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Радмила Шекеринска потврди дека била гостинка во домот на Боки 13 заедно со Катица Јанева, а таму според нејзините зборови разговарала за законот за Јавно обвинителство. Се отвора прашањето како Бојан Јовановски би помогнал во пишувањето токму на овој закон. Запрашана зошто баш со него разговарала на оваа тема, наместо прецизен одговор, Шекеринска реши уште еднаш да ја нападна Алфа телевизија.

-(ПРАШАЊЕ: Што габарит има Боки 13 со него да разговарате за еден таков закон? Тоа не ми е јасно.) Јас и со вас разговарам, би сакала да разговарам и со сопственикот на вашата телевизија, ама не го знам кој е. Тоа е разликата меѓу тогаш и сега, изјави Шекеринска.

Она што е интересно е дека Бојан Јовановски воопшто не беше сопственик на 1ТВ, а не фигурираше никаде ниту како вработен во телевизијата. Сопственик и управител таму беше неговиот татко Миле Јовановски. Алфа ја запраша министерката за одбрана и колку пати била на гости кај Боки 13. Но, и ова прашање не и се допадна на Шекеринска, па се реши да го оценува истото, и да го нападне новинарот на Алфа телевизија.

Реклама

-(ПРАШАЊЕ: Колку пати сте биле таму кај Боки?) Јас мислам дека прашањата од овој тип ја кријат суштината. Јас со сите овие луѓе кои што ги говорите, како и со вашите колеги од телевизијата и другите сум се среќавала на 1001 настан. А интересот ваш покажува дека само на едното уво слушате, на другото не слушате, изјави Шекеринска.

Многумина не веруваат дека Шекеринска со Јовановски зборувала за законот за јавно обвинителство. Бура реакции има на социјалните мрежи. Една од оние кои ја нападнаа министерката е и Софија Куновска која во минатото беше на високи партиски функции во СДСМ.

-И сега? Има разлика од Горде и Рада? Има. Во фризурата, напиша Куновска на Фејсбук.

-Електро инженер, министер за одбрана во дом на криминалец разговара за реформи во правосудството. Како да не поверуваш?, се вели во еден од статусите на социјалните мрежи.

Шекеринска не е единствената од СДСМ која била гостин во домот на Јовановски. Во текот на судскиот процес за „Рекет“ беше откриено дека таму гости биле и Венко Филипче, Александар Кирацовски и Стефан Богоев.

Матеја Петровски