Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Мицкоски: Да гласаме за реден број 14, сите да се обединиме против злото предводено од Заев и СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Велес рече дека ова се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Велес рече дека ова се избори на кои се избира помеѓу неправдата и криминалот, од една страна и правдата, чесноста, исправена и горда Македонија, од друга страна.

„Ова се избори кога одлучуваме за иднината на нашите семејства, избори на кои треба да го обелиме образот на нашите предци, изборот сега на 15 јули е помеѓу неправдата, омаловажувањето, и од друга страна правдата и достоинството“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека македонскиот народот се исправувал и победувал и поголемо зло од ова раководство на СДСМ.

Реклама

„Знам дека гласот на 15 јули позади параванот ќе биде многу силен. И сите оние кои корумпираа треба да знаат дека вие одлучувате сами на 15 јули позади параванот и никој не може да влијае врз вас. Овој пат треба да се обединиме и да видиме што можеме ние да направиме за Македонија, затоа ве повикувам на 15 јули да гласате за број 14“, порача Мицкоски предупредувајќи дека не треба да им се верува на оние кои се колнат во жицата, во семето затоа што тие лажат.

„СДСМ мора да заврши на срамната страна на историјата, а сега мора да испишеме нова историја. Доаѓа време на политичари кои заедно со народот ќе одлучуваат. Матрицата на СДСМ е прво, предизборна лага и таа е толку голема што може да предизвика некој да поверува, втората работа што ја прават е пљачка и корупција и третата работа е да го заробат правосудството“, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети на распродажбата која ја направи СДСМ на сите полиња во државата, додавајќи дека тие на маса ја ставаат и Македонија.

„Ја користам оваа прилика од Велес да ги повикам и политички неопределените и членовите на СДСМ кои не поддржуваат вакво раководство да застанат зад ВМРО-ДПМНЕ за да се спаси државата. Нас ни треба опозиција која си ја сака Македонија, а не предводена од Заев“, рече Мицкоски.

Мицкоски најави бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, враќање на вредностите во општеството укажувајќи дека во програмата Проект-Обнова има детали како да се подобри животот во Македонија на сите полиња и за сите.

„Сите кои се огрешиле пред законот сите ќе одговараат, не може неправдата да царува, не може криминалците да бидат главни во општеството, а младите да заминуваат од Македонија. Обновата подразбира и вредности како трудељубивоста, хуманоста, желбата да се помогне, овие вредности се подзаборавија и мора да ги вратиме. Ви ветувам дека повеќе никој нема да владее со народот, доста е од политички елити. Политичарите треба да бидат слуги на народот. Затоа сега треба сите да се обединиме. Победува Обновата на 15 јули, следат најдобрите години за овој честит народ. А за обновата на Македонија имаме многу внимателни мерки и политики во читанката Проект – Обнова со посебен акцент на правосудството, правото и правдата“, порача Мицкоски.