Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Стартот на „Меѓународен сојуз“ одложен: Вистината на Боки 13 за политичарите од власта ќе се дознае после избори

Вистината на Боки 13 за политичарите од врвот на власта ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистината на Боки 13 за политичарите од врвот на власта ќе се дознае по изборите, стартот на судењето за Меѓународен сојуз одложено за 21 јули. Токму сериозните обвинувања на Јовановски кон функционери од владејачката структура, го одбележаа бурниот старт на овој судски процес. Тој во судница тврдеше дека политичари добивале дозвола од судот, да го посетуваат во затвор, каде според неговите зборови му се заканувале и го малтретирале.

-Јас сум жртва на трул политички систем, рече Јовановски, кој имаше расправија со судијката. Русковска го застапуваше предметот „Рекет“ тенденциозно и селективно, а со нејзина согласност судот донесе одлука Кичеец да биде пуштен на слобода. Тој е пуштен бидејќи доаѓаат избори и заедно со Русковска треба да бидат во функција на изборите, кажа Јовановски во судот.

Причина за одложувањето е барањето на обвинетата Фросина Ременски, кон кое што се придружи и Јовановски, за изземање на обвинителката Вилма Русковска. Како причина наведоа дека се сомневаат во нивна пристрасност и тенденциозност.

Реклама

-Два пати сум спомната во обвинителниот акт, јас имам сериозни аргументи, кои што ќе одат во контекст на докажување дека нема ниту едно дејствие не е кривично дело, ниту е објаснето, ниту е посочено од самата застапничка на обвинението. Тоа е и дополнителен аргумент зошто се бара изземање на јавниот обвинител, бидејќи се сомневаме за пристрасност и тенденциозност, изјави Ременски.

Русковска пак се брани, вели никогаш не била пристрасна.

-За цела моја кариера никогаш пристрасно не сум се однесувала, кон ниту еден предмет, а сум ги сработила може повеќе од 1.000, изјави Русковска.

Покрај Боки 13, во овој случај обвинети се и неговиот татко Миле Јовановски, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ, Христина Блажевска и Фросина Ременски.

Матеја Петровски