Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Николовска од ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја користи власта за да си ги помага своите бизниси

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај во време на економска криза…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај во време на економска криза од епидемијата со коронавирусот, милионските бизниси на Заеви се поддржуваат со народни пари, обвинуваат од ДПМНЕ.

 

Интегрален текст од целата прес конференција на Николовска во продолжение:

Реклама

Додека дваесетина илјади граѓани на Македонија ја немаат земено априлската плата, од буџетот се испаѓаат милионски суми на Заеви за нивниот клан да не почувствува економско заслабнување. Тоа е крајно бесрамно и алчно.

Токму фирмата Еленица е матицата околу која се врзуваше и се градеше империјата на кланот Заеви и истата сега е поддржана од власта на Заев. Со тоа дефакто се дава поддршка на сите фирми на Заеви кои се во тесна бизнис врска со семејната фирма.

Почитувани, истото важи и за Кочо Анѓушев. Неговата фирма Брако добила милионска поддршка од владата во која до скоро беше вицепремиер, а и сега е актуелен советник во Министерството за финансии. Токму фирмата Брако е еден од косопствениците на фирмата Каст инвест, за која медиумите известуваа дека во време на епидемијата отишла во стечај и остави на улица стотина вработени. Сега мајката фирма, која остави без егзистенција сто семејства, добива финансиска поддршка.

Ова ли е солидарноста за која зборуваа Анѓушев и Заев?

Ако имаа барем малку доблест немаше да конкурираат за државна помош во време кога граѓаните и фирмите едвај крпат крај со крај. Но, кога веќе ја покажаа целата своја алчност, после реакциите на јавноста да покажат барем малку срам и да се откажат од овие средства.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Заев создаде хибриден режим во кој додека тој се богати, Македонија тоне во корупција, криминал и осиромашување.