Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Вработените во македонската амбасада во Берлин не зборуваат македонски јазик, знаеле само албански?!

Доколку ви треба услуга во македонската амбасада во Берлин, мора да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку ви треба услуга во македонската амбасада во Берлин, мора да го познавате албанскиот јазик, бидејќи вработените не знаеле да говорат на македонски, тврдат на социјалните мрежи нашинци од Германија. Во статус на Фејсбук, Македонка Димитрова вели со цел да се разбере понудила да зборува на уште три јазици, но вработените го познавале само албанскиот јазик.

-Да прашам нешто… на бројот од Амбасадата на Македонија во Германија се јавува лице кое зборува само албански. Не знам албански, па предложив англиски, турски или француски да зборуваме, толку јас знам… но нашата администрација не знаеше ниту еден јазик од понудените, ниту мојот мајчин јазик?! Што да се прави кога имате итна ситуација во Германија?, прашува Димова на Фејсбук

Алфа телевизија се обиде да стапи во контакт со амбасадата на Македонија во Берлин, но и бројот напишан во статусот на Димова, и оној на сајтот на амбасадата беа зафатени.

Реклама

Околу овој проблем во гостување во „Заспиј ако можеш“ на Алфа зборуваше и Ана Дукоска, глобалниот координатор на движењето „Ние сме Македонија“. Вели запознаени биле со овој проблем, а односот на сите дипломатски претставништва го оцени како многу лош.

-Тоа е најголем проблем со кој се соочуваме ние како иселеници. Од една страна е нефункционалноста на ДКП-ата, од друга страна е намалената волја на македонските институции да соработуваат со нив од самиот почеток, поизразено е во последните три години, а со тоа мислам нема да се зголемат директните инвестиции од дијаспората.

Амбасадор на Македонија во Германија од први јули 2019-та е Рамадан Назифи, додека пак генерален конзул во Минхен е Реџеп Демири, поранешен член на УЧК.

Матеја Петровски