Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Короната урива рекорди 180 заболени и двајца починати – Филипче смирува

Корона кривата урива рекорди. Македонија денеска го бележи највисокиот црн биланс од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Корона кривата урива рекорди. Македонија денеска го бележи највисокиот црн биланс од 180 заболени и двајца починати оваа бројка е најголема досега од почетокот на епидемијата. Битката со вирусот ја изгубија 52 годишен пациент од Куманово кој се лекувал на Инфективната клиника во Скопје, а во болницата 8 септември почина 68-годишна Скопјанка. Најголем број од новите пациенти се од главниот град – дури 109, во Куманово-26, Штип-15, Тетово-12, а нов случај после 45 дена има и во Дебар.

Но расте и бројот на хоспитализирани, за едно деноноќие на болничко лекување биле примени 17 пациенти. Покрај драматичните бројки надлежните смируваат – новозаболените биле со лесна клиничка слика, а болниците пак биле подгототвени да ги примат потешко болните.

“Петнаесет семејства во Скопје носат вкупно 90 проценти од новозаболените лица во изминативе денови, кои се сега веќе во изолација. Растот на бројката на позитивни лица на КОВИД-19 во изминатите денови, особено денес 180, сѐ должи на зголемениот број на тестирани асимптоматски случаи и лица во изолација.” – вели министерот за здравство Филипче.

Реклама

Корона вирусот засилено се шири и помеѓу здравствените работници.Нови 13 медицински лица се позитивни на ковид19, од кои дури 11 се од болницата 8 Септември во Скопје, а двајца се од Гиниколошката клиника.

За жестоките реакции во јавноста дека била направена погрешна проценка со воведувањето на полицискиот час во Скопје за време на продолжениот викенд, Филипче вели дека тоа што голем број скопјани заминале во други градови не менува ништо.

Филипче најави и дека од понеделник не се планираат никакви рестриктивни мерки, односно најверојатно се укинува целосно полицискиот час.

 

Ања Василева