Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Нова нормалност“ за отуѓување на луѓето

Нова „нормалност“ или нова реалност – фактот дека животот под маски кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова „нормалност“ или нова реалност – фактот дека животот под маски кој го наметна корона кризата, а кој според надлежните можеби ќе трае со години, предизвикува негодување и страв кај граѓаните. Социолозите велат дека ново настанатата состојба ќе не погоди психички, оти македонскиот народ, кој по природа е динамичен, отворен и пријателски настроен, тешко ќе се навикне на новите норми и правила.

„Ние мораме да се однесуваме нормално во таа нова реалност, а реалноста може да биде и ненормална. Ќе треба еден период да се навикнеме, да се поздравуваме, да комуницираме, да одиме во продавница на начин кој што, постојат некои правила кои нема да го загрозуваат нашето здравје“, вели професорот по социологија Илија Ацески.

Според Ацески, реалноста е дека мерките на Владата речиси и да не се почитуваат особено од страна на младите, кои не се подготвени да ја прифатат ново настанатата ситуација. Вели, државата ќе мора да едуцира, но и да казнува.

Реклама

„Човекот се прилагодува на таа ситуација, но она што ја прави таа ситуацијуа ненормална е тоа дека еден голем дел од луѓеето тоа не го почитуваат а тоа создава нервоза. Ако тоа некој не го прави треба да се опоменува, треба да се санкционира“, вели Ацески.

Олеснувањето на мерките за заштита од корона вирусот, според надлежните е чекор кон враќање на животот во нормала. И техничкиот премиер Оливер Спасовски и лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев, не ја пропуштаат можноста да потенцираат оти земјава полека се враќа во т.н. нова нормалност, во која граѓаните сепак ќе мора да живеат носејќи заштитна опрема, да пазаруваат во полупразни маркети, да пијат кафе седнати само по двајца на маса, да не се поздравуваат со пријателите… Но, остана да виси дилемата, дали зад новата „не-нормалност“ која ја форсира владата, сепак се крие идејата за брзи избори на кои инсистира СДСМ?

Биљана Божиновска