Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Револт кај специјалистите: Каде се ветените плати од 100 000 денари?

Ништо од ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите. Предизборното ветувањена СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо од ветувањето за 100.000 денари плата за специјалистите. Предизборното ветувањена СДСМ од 2016 година е далеку од реализација, иако се ветуваше како сигурно до крајот на мандатот на владата. Амбициозните најави се реализираа, но само делумно. Платите се зголемија, но тоа е далеку од она што се ветуваше, реагираат лекарите.

Во однос на програмата, можам да кажам дека таа не е остварена. Доктор специјалист на Клинички центар, како и доктор специјалист во терциерно здравство ја нема остварено таа плата од 100 000 денари, моменталната нето плата е 55 370 денари – вели во изјава за Алфа др. Горан Беговиќ, претседател на Синдикат на Клинички центар.

Она што дополнително ја револтира лекарската фела е што и во вакви услови власта се фали дека платите на лекарите достигнале 111.000 денари. Но вистината е дека станува збор за сума која е во брутоа, а не нето износ што е далеку од предизборното ветување. Од Синдикатот на Клинички центар сметаат дека ветувањето не е исполнето а сумите на бруто и нето платите се нејасни и конфузни.

Реклама

Доктор специјалист има нето плата од 55 370 денари, или како што министерот вели 84 177 денари. Тој истакна 111 370 денари просечна бруто плата, просечна плата колекивниот договор не подразбира. Колективниот договор подразбира основна плата и додатоци на плата за дежурства – додава Беговиќ..

Од синдикатот велат дека ќе реагираат соодветно и ќе се борат за исполнување на ветеното како и другите права на лекарите и здравствените работници.

Адријана Алексиеска