Реклама

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Македонија

Скринингот остана на зборови, засега уште една најава за најава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина две илјади, рестриктивните мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина две илјади, рестриктивните мерки се олабавија ама долго најавуваниот засилен скрининг  остана само празно ветување. Од Центарот за јавно здравје уверуваат дека се е под контрола. Првиот човек на оваа институција Зибери за Алфа се правда, скринингот во градинките тече навремено, ама здравствените работници, таксистите, возачите на автобуси, полицајците  и вработените на шалтер уште ќе чекаат да го поминат филтерот на тестирање.

“Како ќе ги добиеме ние списоците од овие компаниите, ние одма ќе почнеме со нивното тестирање. Уште немаме списоци и нема точна одлука на Комисијата за заразни болести кои ќе бидат тестирани следни” – вели Арбен Зибери директор на Центар за јавно здравје.

Скринингот  на вработените во градинките се предвидува да заврши за една недела. Зибери ветува дека со отворање на вратите на градинките родителите ќе бидат поспокојни.

Реклама

“Сите вработени во градинките  што ќе добијат решение за работа ќе бидат сигурни дека нивните деца ќе бидат безбедни.И работата на градинките нема да биде како што беа порано.”- вели Арбен Зибери директор на Центар за јавно здравје.

Сепак, анкетите покажуваат дека голем дел од родителите немаат доверба да ги пуштат своите деца во градинка.

Од Комисијата за заразни болести синоќа повторно го најавија поширокот скрининг на населението кој ќе опфати 10 илјади тестирања. Инаку досега во десетдневниот скрининг тестирани се околу 1.100 негователки, од кои има еден позитивен случај во Скопје и еден во Битола. Зибери меѓудругото потврди дека од утре почнува скрингот на вработените во Центарот за јавно здравје.

Ања Василева