Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Нема договор за датум за избори, следната недела нова лидерска

Нема договор за датум за предвремени парламентарни избори.Заев не успеа да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема договор за датум за предвремени парламентарни избори.Заев не успеа да го наметне 14 Јуни како термин. Лидерите се согласија дека здравјето на граѓаните е приоритет,а здравствените власти ќе треба да објаснат каква е ситуацијата со корона вирусот и дали и кога ќе се создадат услови за изборно соочување. Овие информации следната недела ќе се разгледуваат на нова лидерска средба кај претседателот Пендаровски. Мицкоси задоволен што планот кој освен здравствените проценки, опфаќа и став на ДИК и меѓународните набљудувачи за кредибилен изборен процес во најголем дел бил прифатен. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не сака да биде манадатар по цена на човечки животи.

“Ако еден човечки загубен живот е цената со која што треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни избори а јас да го добијам премиерскиот мандат тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура и така ја почнавме денешната лидерска средба бидејќи тоа е во согласност со сите ставови кои што изминатите денови политичките лидери на политичките партии излегуваа во јавноста дека не е важен изборниот процес, не се важни изборите, туку важно е пред и над се здравјето на граѓаните”, изјави Мицкоски.

Заев пак повторно лицитира со датуми. Од 7 преку 14, 21 и 28 Јуни па се до 7 Јули. Народот морало да научи да живее со вирусот кој ќе биде присутен. Според извори од лидерската сметал дека стопанството треба да го преживее изборниот процес и ударот на вирусот и голема финансиска инекција не е  можна. Демократијата била скап процес кој мора да има приоритети.

Реклама

“Дури изборите и да бидат на 14 јуни, 30 дена од сега има за да може да се испрати покана до ОБСЕ/ОДИХР и да имаме набљудувачи што е многу важно.  Втората работа од тие 32 дена односно неопходните 10 дена пред кампања за ДИК се сосема доволни за да продолжи ажурирањето на избирачкиот список коишто не е завршена постапка со замрзнувањето на законските рокови со Уредбата со законска сила којашто беше за изборите”, изјави Заев.

Ахмети исто така смета дека здравствените власти треба да го имаат последниот збор. Освен здравјето на граѓаните условот на ДУИ  за избори е присуство на набљудувачите од ОБСЕ и ОДИХР.

“Во воена состојба сме со невидлив непријател, во воена состојба збор имаат генералите, а во овој случај генералите се лекарите и епидемиолозите кои прават анализи и даваат препораки и за кои апелирам сите граѓани да ги почитуваат без разлика на нивната етничка припадност за да ја добиеме оваа глобална војна”, изјави Ахмети.

Претседателот на ИДК Деркоски изминатиов период е со став дека изборните дејствија треба д апочнат од почеток и дека организацијата на избори во време на вирус би била голем проблем. Со ризик за здравјето на граѓаните.

 

Градимир Марковски