Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Заев бара брзи избори на 14 јуни

Заев и натаму размислува за брзи избори во период кога Македонија се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев и натаму размислува за брзи избори во период кога Македонија се уште брои новозаразени и почиати од корона.Со коалициските партнери се договориле дека изборите треба да се одржат на средина на јуни. Во јули според лидерот на СДСМ ќе било многу топло за гласање. Со ваков став ќе одат и на лидерската средба кај Пендаровски во Вторник.

“Зошто 14 Јуни кога зборуваме за став на коалицијата тоа е поради тоа што вонредната состојба завршува на шеснаесетти. А никој не знае дали ќе има препораки оде здравствените комисии. Ако има на недели соодветно тоа треба да се продолжува. 30 дена според мене не, но тоа е нивна работа и треба да ги почитуваме. Но не е добро да одиме на 40 степени кога улиците и по Скопје и по цела Македонија се празни и кога луѓето ако не се надвор на одмор ќе бидат на првиот рид на првата пољана”, вели Заев.

Ова е спротивно на размислувањата на опозицијата и бројни експерти кои посочуваат дека не може да се гарантира регуларен изборен процес во време на ковид-19. Се шпекулираше дека власта инсистира на Јуни пред да се почувствуваат пред се негативните економски ефекти од корона вирусот.  И претседателот на ДИК Деркоски за Алфа рече дека најоптимистички е да се размислува за избиори во Јули. Од друга страна Дури и техничкиот премиер Спасовски не е убеден дека во јуни треба да изма избори.

Реклама

“Јас не знам дали е идеално време Јуни, меѓутоа мислам дека најавите дека е можно да се врати уште еднаш оваа криза не после септември мислам декја е неопходно да се одржат што е можно побрзо тие избори имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции кои ќе носат одлукики од интерес на граѓаните”, рече Спасовски.

Венецијанската комисија пак смета дека избори треба да има шеесет дена по завршувањето на вонредната состојба Од набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР за Алфа потврдија дека за нив е важна и излезноста на изборите. Токму ниската излезност се јавува како потенцијална опасност за изборниот процес. Тоа беше случај и во други земји. Францускиот амбасадор Тимоние за алфа рече дека поради ниската излезност во време на пандемија во првиот круг Франција размислува да го одложи вториот круг од локалните избори.

Градимир Марковски