Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Заев признава дека имал контрола врз граѓанските организации, Митовски дециден: Со сарказам бранат сериозен криминал

Навреди кон граѓаните, директна потврда дека ги контролира невладините организации и СЈО,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навреди кон граѓаните, директна потврда дека ги контролира невладините организации и СЈО, закани кон бизнисмени, двојни игри со коалициониот партнер Али Ахмети– аудио бомбите објавени вчера го инкриминираат лидерот на СДСМ Зоран Заев, иако тој се обидува да ги минимизира на ниво на кафански разговори, вели новинарот Александар Митовски кој ги објави бомбите. Тој за Алфа изјави дека не може да го разбере обидот за сарказам од владејачката партија, кога во материјалите има сериозни индиции за криминал.

Материјали има доста барем од она што го знам од свиркачот кој е заинтересиран да излезе на виделина вистинската вистина за Зоран Заев и вистинската вистина за Македонија. Тука не се работи можеби во овие за криминал со земање мито или корупција, но јасно може да се слушне дека се тргувало со влијание, се тргувало со нелегално прислушкувани материјали. Се рекетирале бинисмени, но се рекетирале и политичари како Али Ахмети – вели новинарот Александар Митовски од “Инфомакс”.

Синоќа Заев се потсмеваше велејќи дека бомбите биле пуштени од шефовите на неговиот ПИ-АР тим бидејќи биле афирмација на партиските политики и ставови. Не е јасно за каква афирмација се работи кога на снимките за кои Заев самиот потврдува дека гласот е негов се слуша дека најдиректно ги пцуе граѓаните, им се заканува на бизнисмени и се фали дека го има во џебот целиот невладин сектор и морално уништеното обвинителство на Катица Јанева. По ова се побунија и невладините, кои се најдени во небрано, па така Жанета Трајкоска од Институтот за комуникации на Фејсбук напиша дека се надева оти Заев ќе излезе и ќе каже дека профилот му е хакиран и дека некој пишувал сешто во негово има. Владимир Милчин пак го нарекува прематар кој ги лаже граѓаните и купува и живи и мртви души, а под негова власт во Македонија има болест со четири симптоми: Клиентелизам, корупција, непотизам и рекет. Сепак Заев не само што не се повлекува туку и денеска продолжи во истиот правец, потврдувајќи дека се сметал за предводник на граѓанските организации.

Реклама

Тоа дека граѓанските организации се многу поблиски до демократските политики за чив предводник се сметав во тоа време, го докажуваат самите разговори, отколку режимските политики на Мицкоски и Груевски – тврди Заев.

Интересно е тоа што одговарајќи на новинарското прашање за бомбите Заев читаше подготвен текст за разлика од другите одговори. Инаку, новинарот Митовски вчера порача дека неговите свиркачи поседуваат и други бомби со уште посериозни докази против Заев, кои тој во одреден момент ќе ги објави во јавноста.

Адријана Алексиеска