Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

27 април три години потоа, клучот на кризата повторно во Собранието

По три години откако Талат Џафери на контроверзен, драматичен начин беше избран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По три години откако Талат Џафери на контроверзен, драматичен начин беше избран за претседател на Собранието, што резултираше со крвава пресметка државата повторно е исправена пред волјата на политички калкулации.  Сега пардоксот е – веќе распуштениот праламентарен состав повторно да седне во собраниските клупи, со што според стручната фела би извршиле брутално кршење на Уставот. Клучот е во рацете на Џафери, а тој сега мудро молчи. Но, со самиот факт што не постапува по барањето на колаициониот партнер СДСМ, односно иницијативата на која потпис ставија 35 пратеници, дава до знање дека сепак ставовите на Заев и Џафери, дали пратениците овој пат ќе влезат во Собранието,  не се како од пред три години.

А што беше во позадина на 27 април 2017 тој одговор се уште не успеа да го даде Судот. Бројни судски постапки, десетици обвинети, без правосилни пресуди и згора на се амнестирање на пратеници, оние кои ги отворија собраниските врати и без нив немаше толпата да влезе во парламентот и да се случи крвавиот четврток. А нив ги ослободи токму Собранието, со законот за аменстија кој беше желба и политички договор на власта на СДСМ и ДУИ за да се смени уставот и името на државата. Наспроти амнестијата, 15 мина добија 211 години затворска казна, правдата ја чекаат зад решетки оти второстепениот суд се уште не се изјаснил по првостепената пресуда. Делото за кое ги товари обвинителството е теростистичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Но, за собраниските настани се водеа уште десетина различни судски поспаки, за насилство, убиство во обид, учество во толпа и беа осудени околу 40 лица.

Обвинителството тврди дека ги има и организаторите на 27 април, а како доказ тврдење на веќе осудено лице за собраниските настани, кое беше и во бегство, но под чудни околности се предаде на органите на прогонот, по се изгледа за да стане совесен граѓанин во духот на правдата, онаа по терк на политиката.

Реклама

Катерина Гетева