Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Пановски за Алфа: Пик на коронавирусот во Македонија ниту имаше, ниту ќе има

Пикот помина или допрва следи? Здравствените власти најавуваат едно, дел од медицинската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пикот помина или допрва следи? Здравствените власти најавуваат едно, дел од медицинската фела друго. Пик на коронавирусот во Македонија ниту имало, ниту ќе има, вели за Алфа докторот вирусолог Никола Пановски. Ова негово тврдење е спротивно со она што го очекуваат здравствените власти насекаде низ светот. Кај нас пак надлежните велат пикот на Ковид 19 се очекува наредниов период. Пановски вели оваа болест ќе трае и понатаму, без да има некој посебен пик.

-Според мене пик нити имаше, нити ќе има се е тоа едно плато кое трае веќе две недели или можеби повеќе, имаше некои денови кога беше 107, ама претходните па имаше многу малку зависно од што селектираат за испитување и колкав е број на тестовите. Просек е 10 проценти од тестовите се позитивни, последниве гледаме процентот е понизок, иако има малку тестирања, процентот е под 5 посто, така што мислам дека е поминат пикот ако воопшто имало пик, вели Пановски за Алфа.

Иако, Пановски вели за пик на ниво на цела држава не можеме да зборуваме, за такво нешто може да се каже дека имало во некои градови. Таков е примерот со Дебар, каде веќе ситуацијата е сосем смирена, а бројките даваат оптимизам и кога е Куманово во прашање.

Реклама

-Некои градови имале пик може да кажеме за Куманово, каде што наеднаш се зголеми бројот, па сега почна да паѓа. За Скопје не можеме да кажеме, цело време се влечат овие случаи, без посебно зголемување или намалување, вели Пановски.

Пановски вели олабавување на полицискиот час е многу подобра опција од оној досегашниот кој започнуваше од 16 часот. Според неговите зборови, многу подобро ќе било доколку воопшто не се воведуваше толку ригорозен полициски час.

-Мислам дека помалку  ќе се заразуваат сега кога е од 19 часот, отколку од 16, бидејќи помалку ќе се гужваат луѓето, кога се враќаат од работа, кога одат по продавници. Мислам дека ова е пологично, мислам дека не требаше воопшто да се воведува до 16 часот, вели Пановски.

Во последниве три дена направени се вкупно 1.110 тестови, а позитивни се 73 лица, односно процентот на позитивни во однос на тестирани е под 10 отсто. Со денешните 28, бројот на заразени во Македонија порасна на 1259. Досега само еднаш на дневно ниво бројот на заразени беше над 100.

Матеја Петровски