Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Надлежните без одговор за депонијата во скопско Маџари

Скопје се дави и тоне во смет. И покрај очајните крици на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје се дави и тоне во смет. И покрај очајните крици на граѓаните на скопско Маџари надлежните не превземаат ништо.

Три дена откако Алфа објави како скопјани се гушат во дивата депонија што ја полни и скопски комуналец нема ни збор од надлежните. Жителите на оваа населба и денес ја дишат смрдеата како во  последните три години. Граѓаните во страв за сопственото здравје, но по се изгледа не само од коронавирусот, туку од сметот кој секојдневно им го истураат пред нос. Бараат одговорност од градоначалниците и чист воздух.

И опозицијата реагираше. Го повикаа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, да одговори како дозволил возилата на комуналната хигиена да оставаат смет сред Скопје на дива депонија.

Реклама
  • Наместо да чисти депонии, Шилегов создава депонии. Наместо враќање на сјајот на Скопје, Шилегов ги враќа депониите.Има ли Инспекторат за заштита на животната средина во оваа држава? Го повикуваме и заспаното Министерство за животна средина да реагира. Надлежните институции кривично да го гонат градот Скопје кој создава дива депонија и ги труе Скопјани. Наместо асфалт, Шилегов на Скопјани им испорачува тони отпад-реагираше Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

Останува да видиме дали надлежните ќе реагираат по ова оти кривична пријава секако ќе стигне до нечија адреса.

Викторија Миткова