Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Масовно тестирање – пат до победа на епидемијата

Масовното тестирање е можен излез од социјалната изолација. Некои држави во западна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масовното тестирање е можен излез од социјалната изолација. Некои држави во западна Европа конечно ја научија лекцијата од Азија и ги зголемуваат капацитетите за тестирање на коронавирус во битката против епидемијата со цел што поскоро да и се стави крај на изолацијата и да се овоможи рестартирање на економијата пишуваат американски медиуми.

Имено државите кои практикуваат масовно тесирање се на пат да ја победат епидемијата и имаат ниска стапка на смртност.

Германија тестираше речиси 1 милион луѓе.Владата на канцеларката Ангела Меркел не размислува да запре тука.. стратегијата, изработена од врвни гермскин експерти, која ја објавија повеќе медиуми, е налик на јужнокоројеската – со најмалку 200.000 тестови на ден.

Реклама

Од денеска и Русија активно ги зголеми производството и употребата на тестовите за Ковид-19 што се спроведуваат во 95 лаборатории во земјата, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин, пренесува руски медиум.

Мишустин додаде дека граѓаните во карантин ќе бидат должни да водат дневник во кој ќе ја запишуваат својата здравствена состојба, а од нив ќе биде побарано и да го потврдат режимот на самоизолација.

Исланд е светски лидер во тестирање. Оваа земја тестирала 5% од својата популација и открила дека над 50% од заразените не покажале никакви симптоми што значи дека тие доколку не биле тестирани би се движеле слободно и би ја пренесувале инфекцијата на други луѓе.

И Норвешка може да се пофали со висок процент на тестирање на коронавирус по глава на жител, тетсирани се  94.000 луѓе, или 1,8% од населението ..

Тест за пет минути и за еден долар. Компанијата за медицински уреди „Абот“  забрзано од април ќе почне да дистрибуира брзи тестови во клиниките во САД. Според  претставниците на компанијата тестот ќе се врши со лесно пренослива машина со големина на мал тостер.

Трамп тврди дека овој уред ќе ја промени играта во борбата против коронавирусот.

И СЗО препорачува Тестирајте, тестирајте, тестирајте“. Според нив рецептот  за успех во битката против пандемијата на коронавирусот е масовното тестирање. Јужна Кореја добива бројни пофалби за нејзините одлучни напори за контрола на ширењето на Ковид-19 со масовни тестови.

 Викторија Миткова