Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Бизнис среде пандемија – Зошто тестовите во приватните клиники се двојно поевтини од набавените во јавното здравство?

Дали државата профитира во време на пандемија со тоа што тестирањето за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали државата профитира во време на пандемија со тоа што тестирањето за корона вирус  го плаќа три до четири пати поскапо од приватните болници? Министерството наплатува 4.950 денари од ФЗОМ по тест, додека во приватните клиники тестирањето чини од 1.200 до 1.500 денари. Пациентите реагираат а за министерот Филипче цената била регуларна.

“Станува збор за цена по која ФЗОМ ги откупува услугите кон институтот за Јавно Здравје  односно кон центрите за ЈЗ. Значи цена на чинење е таа сума значајно поголема од таа што се шпекулира дека е цена на чинење на тестот по која што фондот кон јавно здравствени установи за услугата.“ – изјави Венко Филипче, министер за здрвство.

Од Фондот за здравство се правдаат со купишта неразбирливи реченици и е невозможно да се сфати на која основа и каква е таа методологија што оваа институција ја користи за да ја пресмета цената по тест. Се споменуваат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000 до 5.500 денари. Еве дел од нивното објаснување:

Реклама

“ФЗО информира дека лабораториски услуги за серолошки анализи на инфективните причинители се со референтна цена од 1.100 денари, а лабораториски услуги за молекуларни анализи за инфективни причинители и истите во зависност од техниката  и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат. Постојат повеќе различни лабораториски услуги со со референта цена од 3.000,00 до 5.500,00 денари.” – се вели во соопштението на ФЗО.

Во земјава заклучно до вчера се направени 1.800 тестови. Тестирања масовно се вршат и во приватната болница Жан Митрев,од денеска во специјален пункт ќе се вршат тестирање за Ковид -19 и во приватната болница Аџибадем Систина. Последните на располагање имаат 15.000 тестови. Во сите приватни болници земањето брисеви  се врши само со претходно закажување,  а пациентите задолжително треба да носат маска.

Ања Василева