Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Почна загревањето за најлудата ноќ – кафулињата полни уште од претпладнето

Почна загревањето за најлудата ноќ. Неколку часа пред дочекот на Новата 2020…

Сподели:

Почна загревањето за најлудата ноќ. Неколку часа пред дочекот на Новата 2020 година, кафулињата во Скопје се полнат, а музика ечи од секој агол. Се чувствува раздвиженост во центарот на главниот град. Некои после работа, а други од дома, се подготвиле и излегле на пред новогодишна журка со пријателите. Дневните забави и годинава се  популарни меѓу скопјани. Забавата започна во попладневните часови, каде скопјани со желби за поуспешна година, со музика ја испраќаат старата.

И угостителите го делат мислењето на граѓаните. Велат дека се почесто се полнат кафулињата преку ден, додека за вечерниот чин на дочекување на новата година нема толку заинтересираност како порано.  Дел од музичарите велат повеќе се заработува на денските забави, но и атмосферата е повесела во текот на денот.

Во пријатна и весела атмосфера, граѓаните во добро друштво фаќаат залет за дочекот на Новата година. Дел од нив ќе останат дома во кругот на семејството, другите пак новата година ќе ја дочекале со најдобрите пријатели.

Реклама

На полноќ, кога ќе се поклопат стрелките на часовникот кои ќе го означат стартот на новите 365 дена, ви посакуваме поголем успех на сите полиња, повеќе радост и бериќет во 2020-та. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

Мери Ѓорѓиевска