Реклама

Молкот се крши – повеќе пријави за семејно насилство, посилни мерки за заштита

„Безбеден град“ ги откри најслабите точки на возачите, брзото возење убедливо на врвот

1.500 нови боди камери за полицијата – пренос во живо од секоја акција и директна врска со командниот центар

Патиштата се проодни по првиот снег, следува силен студ со температури под нулата

Вонреден состанок на градежниците: Се бараат практични решенија за владиниот план за поевтини станови за млади

Штипско Ново Село ќе прерасне во музеј на отворено

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДСM и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип

Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област. Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие.

На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот фејсбук статус на претседателот на СДСМ Филипче.

Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови. 

Реклама

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите. 

Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница.

На Филипче му преостанува едно само да прекине со  евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени.