Реклама

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Македонија

За 22,1 отсто зголемен бројот на случаи со грип, регистрирани 188 заболени

– Во текот на 47. недела од годинава (од 16 ноември до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во текот на 47. недела од годинава (од 16 ноември до 22 ноември), во Македонија, пријавени се 188 случаи (I=10,2/100.000 жители) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип. Се забележува зголемување од 22,1 отсто во однос на претходната 46-та недела (n=154), се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен на неговата веб страница.

Од 188 заболени, во Скопје се регистрирани 40, во Куманово – 32, Дебар и Радовиш по 17, Тетово – 13, Охрид и Прилеп по 11, Струга –10, Струмица – 8, Битола – 6, Свети Николе – 5, Ресен и Штип по 4, по два случаи во Велес, Кавадарци, Неготино и Македонски Брод и по еден случај во Крива Паланка и Гостивар.

Во однос на возраста, од 15 до 64 години се регистрирани 113 лица, 29 лица на возраст над 65 години, 28 деца на возраст од пет до 14 години и 18 деца на возраст до четири години. Се бележи ниска (сезонска) активност на грипот на национално ниво.

Реклама

Во 47-мата недела од минатата сезона, регистрирано беше 91 заболенo лицe, што претставува двојно зголемување, а во однос на моделот за последните 16 сезони (n=110) се регистрира зголемување од 70,8 отсто.

Во текот на 47-ма извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, пристигна 71 материјал од рутинскиот и САРИ надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за Influenza, SARS-CoV-2 и/или RSV, и/или на респираторен панел. Од вкупно тестираните материјали, детектирани се 17 позитивни примероци за грип од кои 13 се Influenza A – несубтипизирани, а 4 sе Influenza А(H1)pdm09.

Од вкупно тестираните материјали добиени се шест позитивни резултати за SARS-CoV-2. Во оваа извештајна недела нема лабораториски позитивни материјали за RSV.

Во сезоната 2026/2027 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 797 (I=43,4/100.000).

Споредено со истиот период од минатата сезона (n=662), бројот на пријавени случаи е за 20,4 отсто повеќе, а во однос на моделот од последните 16 сезони (n=576) се регистрира зголемување од 38,4 отсто.

Кумулативно, заболените се пријавени од 21 ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица (n=211) се регистрира во Тетово а највисока кумулативна инциденца (163,9/100.000) се регистрира на територијата на Радовиш. Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 551 случај (69,1 отсто).

Во досегашниот тек на сезоната 2026/27, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 330 материјали од рутинскиот и САРИ надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за Influenza, SARS-CoV-2 и/или RSV, и/или на респираторен панел. Од вкупно тестираните материјали, детектирани се 39 позитивни примероци на грип – 30 случаи на Influenza A – несубтипизиран и 8 Influenza A(H1)pdm09 и 1 Influenza A(H3). Регистрирани се 17 позитивни резултати за SARS-CoV-2.

Во текот на 47-ма извештајна недела се бележи ниска (сезонска) активност на грипот на национално ниво. Се бележи зголемување на бројот на случаи во однос на претходната недела и во однос на истиот период од минатата сезона и очекуваната епидемиска крива. Позитивноста од вирусолошкиот надзор е над 10 отсто во три од осум недели од надзорот. Согласно добиените податоци, активноста на вирусот на грип има регионална
распространетост.

Вакцинацијата против грип во Македонија почна на 21 октомври и се спроведува во центрите за јавно здравје (ЦЈЗ) со нивните подрачни единици (ПЕ) и/или здравствените домови. Вакцинацијата на здравствените работници од Скопје се спроведува во ИЈЗ. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk. Според податоците од Управата за електронско здравство, заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 33.594 лицa од ризичните категории на населението со бесплатни вакцини, информираат од ИЈЗ.