Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Тошковски: „Safe City“ ќе се прошири низ државата, подвижните радари во полициските возила ќе казнуваат автоматски

Системот „Safe City“ ќе продолжи да се надградува и проширува низ државата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот „Safe City“ ќе продолжи да се надградува и проширува низ државата, а во полициските возила ќе бидат инсталирани паметни камери со радари кои ќе овозможат автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци – најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека целосната имплементација на проектот треба да заврши до средината на 2027 година.

Тошковски во гостувањето на една од националните телевизии, истакна дека признанието за „Safe City“ во Дубаи не се однесува само на технолошкиот систем, туку и на законските измени, начинот на неговото функционирање и постигнатите резултати во намалувањето на сообраќајните несреќи со смртни последици.

Според него, во Македонија во изминатите 35 години просечно годишно гинеле по 150 лица во сообраќајни несреќи, а годинава, заклучно со денот на изјавата, бројката изнесува 85 жртви.

Реклама

– Камерите не се за да казнуваат. Целта на камерата е да спаси еден човечки живот повеќе од претходно. Човечкиот живот нема цена – порача Тошковски.

Тој најави дека подвижните радари во полициските возила ќе функционираат и во урбаните средини и на отворените патишта, а нивното воведување ќе се одвива етапно, со оспособување на возилата и обука на полициските службеници.

Во однос на казнувањето за непрописно паркирање, министерот најави дека системот ќе биде ставен во функција до крајот на годинава. Сепак, за разлика од првичните очекувања, прекршокот нема да се утврдува целосно автоматски, туку ќе биде потребна потврда од полициски службеник, бидејќи системот не може со целосна точност да разликува непрописно паркирање од запирање поради сообраќаен метеж.

Фокусот ќе биде ставен на главните булевари во Скопје и другите градови, особено на сообраќајниците по кои се движат автобусите.

Тошковски најави и дека од следната недела македонските граѓани ќе имаат на располагање мобилна апликација, преку која ќе можат да проверуваат дали имаат регистриран сообраќаен прекршок и да ги плаќаат казните.

Дополнително, до крајот на годината се очекува да биде ставен во функција пунктот за проверка на возилата на граничниот премин Блаце, по примерот на пунктот на Табановце. Во иднина се планира проширување и на други гранични премини, меѓу кои и Богородица.

Во врска со проширувањето на системот низ државата, министерот најави дека СВР Струмица треба да биде опфатен во првата половина на следниот месец, СВР Штип до крајот на годината или најдоцна до крајот на јануари, а СВР Скопје до крајот на февруари.

Тој нагласи дека „Safe City“ ќе продолжи да се надградува, особено на критичните сообраќајни точки каде што се регистрирани најголем број тешки сообраќајни несреќи.

Како крајна цел, Тошковски ги посочи европските заложби за преполовување на бројот на жртви во сообраќајот до 2030 година и постигнување нула жртви до 2050 година.