Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Велковски: Нема укинување на средствата во вториот пензиски столб, шесте проценти остануваат, но се префрлаат во друг закон

-Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски денеска во Собранието…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски денеска во Собранието изјави дека предложените измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување не предвидуваат укинување на средствата што осигурениците ги издвојуваат во вториот пензиски столб, туку нивно системско регулирање во друг закон.

Одговарајќи на пратеничко прашање од Валбона Адили Емини од ВРЕДИ, Велковски рече дека во јавноста била создадена непотребна паника околу измените, откако дел од опозицијата го проблематизираа бришењето на одредба од постојниот закон која го регулира преносот на шест отсто од придонесите.

– Не се укинуваат шесте проценти, туку се префрлаат во друг закон каде што ова право ќе биде уредено системски – истакна Велковски.

Реклама

Министерот исто така појасни дека одредбата, која се укинува со ставот 120 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе биде прецизно регулирана во член 52-а од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, кој исто така ќе биде објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) за јавни коментари.

Според Велковски, двата закона ќе бидат разгледувани паралелно, по што ќе бидат усвоени од Владата и доставени до Собранието.

– Нема простор за паника. Со овој закон не се укинува никакво право на осигурениците, секој еден којшто е во работен однос, а тоа се повеќе од 600.000 граѓани во државата. Не се укинуваат 6-те проценти, туку се продолжува, меѓутоа во друг член и во сосема друг закон којшто ќе го уреди ова право системски, во овој момент, не како до сега што е направено – рече Велковски.

Во одговорот на дополнително прашање, Велковски информира дека измените на законите за задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување се очекува следната недела да влезат во второ читање во Собранието.

Како што објасни Велковски, реформите предвидуваат воведување различни инвестициски портфолија за осигурениците, по примерот на повеќе европски земји. Помладите членови на вториот пензиски столб ќе имаат можност нивните средства да се инвестираат во поризични инструменти со потенцијално повисок принос, а за осигурениците поблиску до пензионирање ќе се применуваат поконзервативни модели на инвестирање.

Велковски увери дека средствата на осигурениците остануваат заштитени и дека постојат законски гаранции за остварување на правата од пензиското осигурување по пензионирањето.

– Има заштитни механизми, тука не треба никој да биде загрижен. Портфолијата даваат само дополнителна можност, на секој еден од нас, првично да избереме во кое сакаме да учествуваме, доколку не го направиме тоа доброволно, самиот закон предвидува дека по категориите на годините коишто се предвидени, да самото друштво каде што членуваме во тој втор пензиски столб да го уреди согласно позитивната законска регулатива – рече Велковски.