Реклама

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Свет

ЕК очекува сите земји членки на ЕУ да учествуваат во новиот заем за Украина

Европската комисија денеска појасни дека се очекува сите земји членки на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија денеска појасни дека се очекува сите земји членки на Европската Унија да учествуваат во новиот заем за Украина во вредност од 45 милијарди евра. Тоа не подразбира директен финансиски придонес од земјите членки, што значи дека нивните национални буџети нема да бидат засегнати.

Бугарија и Унгарија вчера најавија дека немаат намера да придонесат кон финансирањето на одбраната на Украина.

Портпаролот на ЕК посочи дека одлуката во однос на Бугарија не е политичка, туку техничка и е диктирана од постојната законска регулатива.

Реклама

– По исполнувањето на критериумите, просторот за маневрирање е многу мал – истакна тој, додавајќи дека процесот следува по утврдени процедури и објективни критериуми.

Тој наведе дека се очекува прашањето за новиот заем за Украина да биде разгледано на вонредниот состанок на Европскиот совет, што ќе се одржи во Брисел утре и задутре.