Русија доцна синоќа изврши масовен напад со балистички ракети врз Украина, при што во Киев бил погоден трговски центар, соопштија украинските власти. Ова е последниот во низата руски воздушни напади врз украинските градови, кои продолжуваат со приближувањето на зимата, објави „Киев Индипендент“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека во нападот биле повредени три лица. Две од нив биле пренесени во болница, а едно е во тешка состојба.
Кличко потврди и дека во нападот била погодена зграда во индустриска зона во градската населба Десњански.

