Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од процесот Брдо-Бриони, во кој учествуваат Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. На средбата е најавено и присуството на Александар Чупиќ, новиот претседател на српското собрание и вршител на должноста претседател на Србија. Тоа би било, всушност, првото промовирање на новата српска власт, со оглед на тоа што Чупиќ не учествуваше на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел поради зафатеност со конституирањето на новиот парламентарен состав.
Обраниe вчера не учествуваше на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел поради зафатеност со конституирањето на новиот парламентарен состав.
Поради претстојниот состанок, од денеска во Охрид и во Струга се на сила засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќајот, соопшти охридската полиција.
Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година од страна на претседателите на Словенија и Хрватска, со цел забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и стабилноста.

